за

Fiat ќе го произведува роботизираниот автомобил на Google?

Интернет гигантот Google веќе подолго време е во потрага по автомобилски партнер којшто ќе го произведува нивниот роботизиран автомобил. Можно е партнерот да биде Fiat Chrysler.

Според информациите што ги објави „Вол Стрит Журнал“, концернот Alphabet којшто стои зад гигантот Google, води преговори за техничка соработка со Fiat Chrysler. Соработката се однесува на подрачјето на автономната технологија. Претходно Ford се посочуваше како можен автомобилски партнер на Google, но тоа остана само на шпекулации.

Неименувани извори од компаниите наведуваат дека Google не е заинтересиран да конструира нов автомобил, туку планира сопствената автономна технологија да ја вградува во некој од постоечките модели на пазарот. Ваквата соработка му оди во прилог на шефот на Fiat Chrysler, кој претходно се обидуваше да склучи партнерство со General Motors, за потоа да се појават и шпекулации за воспоставување соработка со францускиот PSA Peugeot Citroen, но сосема е веројатно дека Серџо Маркијоне ќе може да биде задоволен и со Google, во замена за партнер од автомобилската бранша.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Туристички аранжман во олдтајмер од Mercedes

McLaren F1

McLaren ги предизвикува колекционерите со „подзаборавен“ примерок од F1