Fiat го преселува производството во Турција

Лани се продадоа само 4.000 примероци од Fiat Bravo. Дали турското потекло ќе му „олесни“ на наследникот?

Италијанците го најавија наследникот на неуспешниот Bravo за следната година. Моделот ќе се произведува само во Турција и оттаму ќе се извезува на целиот европски пазар. Производството речиси целосно се исели од некогашниот гигант.

Fiat ќе го претстави новиот модел во компакт класата в година. Автомобилот ќе се произведува само во Турција и оттаму ќе се дистрибуира на територијата на цела Европа. Претходно се шпекулираше дека новиот модел од турска продукција ќе се продава само на пазарите во Централна и Источна Европа, како и во Турција. Подоцна ќе стартува и лимузинската верзија од идниот компакт модел, наследник на Bravo.

Моделите од компакт класата се на второто место во продажбата на европскиот пазар, веднаш зад градските автомобили од класата на Polo & Co. Во минатата година Fiat продаде помалку од 4.000 примероци во овој сегмент во когошто лани се продадени дури 2.385.803 возила. Во јануари, пак, од заостанатите примероци од „пензионираниот“ Fiat Bravo се продадоа само 93 возила.

Последниот комби модел во компакт класата, Fiat го имаше дури во 2008 година, со Stilo Multiwagon. Отсуството на таква каросериска изведба е огромен пропуст на Fiat, особено на западноевропскиот пазар, кадешто комби моделите постигнуваат висок удел во продажбата. Единствениот поголем модел на Fiat во моментов е лимузината Linea, којшто се произведува во Турција и се продава само на пазарот во Источна Европа. Наследникот исто така ќе се произведува во Турција, а ќе се извезува на пошироката европска територија единствено доколку постои поголем интерес за моделот.

Претходна објаваНаближува сезоната за летни гуми: На ова треба да се внимава
Следна објаваBMW подготвува кросовер помал од X1

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here