за

Fiat се рекламира со голи девојки

Во јулското издание на американскиот магазин ESPN е објавена сензационална реклама за Fiat 500 Cabrio во која контурите на возилото се создадени од голите тела на женски модели. Ова е историја на автомобилската реклама.

И од Италијанците има подобри дизајнери, и тие самите си признаваат. Тоа што го создала природата, никој не може да го создаде подобро. Во јулското издание на магазинот ESPN кое што излезе од печат денес, американскиот Fiat објави реклама во која десетина девојки со тела извајани од природата ги создаваат контурите на кабриолетот од Fiat 500.

Со рекламата под слоганот „Body Paint“, американската филијала на гигантот од Торино даде особен придонес во редовниот годишен едиторијал на магазинот кој што е посветен на човечкото тело. „Наше врвно постигнување е кога клиентот ќе создаде реклама што совршено се вклопува во контекстот на нашата содржина“, изјави Ерик Џонсон, извршен директор за мултимедиска продажба во ESPN. Во сличен контекст продолжува и Џејсон Стоичевиќ, првиот човек на Fiat во САД, „Сакавме да создадеме концепт за едиторијалот на магазинот ESPN кој што е исто толку визуелно уникатен како Fiat 500 Abarth Cabrio.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кога моторот ќе прегрее – пуштете го греењето до крај

Најсилниот сериски Peugeot на сите времиња