Ferrari Testarossa од Пороците на Мајами оди на наддавање

Службениот автомобил на Крокет и Табс оди на продажба по 25 години минати во гаража. Сите љубители на легендарната серија „Пороците на Мајами“ можат да се подготват за наддавањето – со соодветна сума пари, секако.

Насловот „веројатно најславниот Ferrari што постои“ под кого што аукциската куќа го најавува наддавањето на овој автомобил е по малку претеран, но факт е дека тој е далеку од непознат за јавноста. Бела Ferrari Testarossa не асоцира на ништо друго освен на службениот автомобил на Сони Крокет и Рикардо Табс од култната серија од 1980-те години, „Пороците на Мајами“.

Замена со претходната Daytona Spyder во серијата поради тужба од Ferrari

Оваа Ferrari Testarossa со број на шасија ZFFSA17AXG0063631 е автентичниот автомобил што се појави во втората епизода од третата сезона на серијата. Претходно користениот Ferrari Daytona Spyder мораше да исчезне од серијата, затоа што Италијанците поднесоа тужба против продуцентите за – автомобилот имаше механика од Corvette. Место неа, улога во серијата добија два примерока на Ferrari Testarossa. Двата автомобила пристигнаа бојадисани во црно, но потоа мораа да ја сменат бојата во бела, за подобро да се гледаат во ноќните сцени. Седиштата сепак останаа во кремаста боја, што е малку чудна комбинација.

Вградениот телефон е дел од возилото што оди на наддавање
Вградениот телефон е дел од возилото што оди на наддавање

Дури и без улога во серијата, оваа Testarossa од 1986 година е посакуван примерок за многумина љубители на олдтајмери, како примерок што потекнува од раната серија, со ретровизор само од левата страна. Автомобилот има поминато само 16.124 километри и бил оставен да мирува во гаража цели 25 години. Италијанците имаат издадено сертификат кој што потврдува дека станува збор за автомобил во оригинална состојба, а извршено е и сервисирање во вредност од 8.000 долари.

Testarossa ќе биде понудена на наддавање на 15-ти август од аукциската куќа Mecum, на теренот за голф Дел Монте. Автомобилот нема проценета вредност, но имајќи предвид дека обичните примероци од раната серија се продаваат по цена од 200.000 долари, сосема е извесно дека Testarossa од серијата „Пороците на Мајами“ ќе достигне неколкупати повисока вредност од тоа.

Претходна објаваMitsubishi L200 е пикап на годината според Auto Express
Следна објаваMercedes работи на екстремна верзија Black Series од GT

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here