за

Еден од четирите нови модели во 2023: Ferrari Roma Spider

Отворената каросериска изведба на Ferrari Roma, со традиционалната додавка Spider, прв е од четирите нови модели на италијанската марка за годинава.

Ferrari ја претстави Roma Spider, прв модел од Маранело со мотор напред и платнен покрив, со конфигурација на седишта 2+2, по моделот 365 GTS4 од 1969 година. Првото претставување на моделот пред светот се одржа на посебен настан во палатата Ел Бади во Маракеш.

Погонската спрега ја сочинува 3,9-литарски мотор V8 со турбонатполнење и 620 КС, што го користи и купето Roma.

Крајната брзина надминува 320 километри нас час, а спринтот од место до темпо сто трае 3,4 секунди.

Моторот ја пренесува силата до задните тркала преку 8-степен менувач со двојна спојка, којшто се користи и во новиот кросовер Purosangue.

Со 1.556 килограми, кабриолетот тежи 84 килограми повеќе во споредба со купето, главно поради зајакнувањата што мора да се направат во каросериската структура, заради отсуството на покрив.

Испораката ќе започне кон крајот на годината.

Основната цена во Италија изнесува околу 250.000 евра. Купето Roma со цената од 209.705 евра е моделот што чини најмалку во понудата на Ferrari.

Платнениот покрив се собира за 13,5 секунди, а тоа може да се изврши и во возење, до брзина од 60 километри на час. Посебно за Ferrari Roma Spider е развиен и патентиран систем за насочување на воздушното стуење над патничкиот простор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ferrari (@ferrari)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-Benz: Плаќање во кеш, со картичка или со автомобилот

Уште една електро-најава од Volkswagen: Во 2027 година доаѓа ID.1 за 20.000€