за

Mercedes-Benz: Плаќање во кеш, со картичка или со автомобилот

Производителите на автомобили имаат нова бизнис гранка. Паркинг, гориво, сендвичи, сето тоа сега може да се плаќа буквално со автомобилот. Mercedes-Benz го овозможува тоа.

Светот половина деценија плаќа со мобилен телефон. Услугите како Apple Pay или Google Pay се токму тоа. Новината се вика Car Payment. Автомобилите стануваат еден вид паричник на тркала. Плаќањето и користењето на услугата е исто како со телефонот. Автомобилот поседува кредитна или дебитна картичка, односно ги користи податоците од истата.

Како и во бројни други нешта, Mercedes-Benz пак е прв и во ова подрачје. Во повеќе моделски серии на марката постои сензор за отпечаток на прст, заедно со регистрирана виза-картичка, којашто автомобилот го претвора во еден голем паричник. Нема потреба да се користи безбедносниот код, пинот и нема потреба воопшто да се посега по телефонот.

На овој начин може да се направи претплата за некои функции што постојат во автомобилот, но не се активирани, затоа што тие функции се достапни само со претплата – исто како пакет канали на кабелска телевизија. Со скенирање на прстот, може да пример да се вклучи функцијата на Remote Parking Assist. Таа овозможува автомобилот да се управува преку телефонот, којшто во тој случај служи како далечински управувач.

Може да се вклучи и аларм, што според германскиот ценовник би изнесувало 159 евра годишно. Оваа нова функционалност на автомобилите важи за целиот век на автомобилот, односно посебните функции ќе може да ги вклучуваат и идните сопственици на автомобилот.

Вклучувањето на функциите во автомобилот и плаќањето паркинг се само почеток. Во иднина и плаќањето на драјв-ин ќе се врши со минување со прстот преку читачот во автомобилот.

Техниката дозволува да се плаќаат услуги што се поврзани со автомобилот, како што е паркинг, полнење гориво или полнење на батеријата кај електричните автомобили, а секако и патарина и користење автоперална. Може и понапредно од тоа. Директно од автомобилот може да се резервира хотел и да се плати. Истото важи и за нарачка на јадење или кафе, додека се патува. Нарачката се прави преку говорниот асистент во возилото, се плаќа со поминување со прст преку читачот, нарачаното се зема од шалтер, нема потреба да се излегува од возилото и да се губи драгоценото време.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia Sandero Dacia Sandero Stepway 2020

Dacia Sandero втор месец е најпродаван автомобил во Европа

Еден од четирите нови модели во 2023: Ferrari Roma Spider