Ferrari бара познат дизајнер да избрише објава на инстаграм

филип плеин ферари жалба
филип плеин ферари жалба

Фотографијата што дизајнерот Филип Плеин ја објави на инстаграм предизвика бурна реакција кај Ferrari. Италијанскиот производител бараше од основачот на модната куќа под неговото име да ја избрише фотографијата од личниот профил.

Дизајнерот Плеин и уметникот Алек Монополи, на „забранетата“ фотографија од Ferrari се сликале со две полуголи моделки, со дречливо зелен Ferrari 812 Superfast во заднина. Кадарот требаше да послужи за промоција на новата колекција спортски обувки на Плеин. Но, идејата не му се допадна на Ferrari.

Адвокатите на спортската марка му испратија писмена жалба на 41-годишниот креатор, во коешто се соопштува ставот на Маранело, дека „таков животен стил воопшто не одговара со марката.“ Покрај тоа, фотографијата имала и сексистички карактер. На Ferrari не му допадна врската меѓу новата колекција на Филип Плеин и автомобилската марка. Од модниот креатор беше побарано во рок од 48 часови да се избришат посочените фотографии, инаку му се заканува судска постапка.

https://www.instagram.com/p/B0hDdweiR6z

Плеин ги избриша фотографиите од својот приватен профил на инстаграм и место тоа го објави писмото добиено од италијанската спортска марка. Тој додаде во објавата: „Не можам со зборови да искажам колку сум разочаран и згрозен … Доколку продолжите да ги третирате своите лојални клиенти со вакви писма, ќе ја изгубите поддршката од голем број фанови на Ferrari.

Дизајнерот не пропушти да возврати и денес пушти објава во којашто ја спомнува аферата на шефот на Ferrari, Луис Камелери, со ѕвездата од филмовите за возрасни Савана Самсон.

https://www.instagram.com/p/B0nVoYQhiW6/

Претходна објаваИлјада примероци од електричниот MG продадени за две недели
Следна објаваДали е тоа новиот „S-Class“?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here