Тесла ја доби декемвриската битка, но Дачиа Сандеро е шампионот за 2024

Дачиа Сандеро е во убедлива предност пред конкуренцијата во продажбата по 12 месеци. Соодносот со најблискиот соперник, Рено Клио, е 270.111 возила наспроти 216.569 возила. Според првичните податоци, минатогодишниот шампион Тесла Модел Ипсилон, ја завршил годината на 4-то место.

Тесла Модел Ипсилон имаше голем раст во продажбата во последниот месец од минатата година и извесно е дека ќе му биде потврдено првото место со продадени 28.500 возила.

Предноста пред Дачиа Сандеро е близу 6.500 возила, според првичните податоци на Датафорс, коишто се добиени за 98 проценти од пазарите во ЕУ, ЕФТА и Обединетото Кралство.

Со цел да ја поттикне продажбата, Тесла на купувачите во Европа им понуди бесплатно користење на Суперчарџерите на компанијата во времетраење од една година.

Двата главни борци за шампионската титула во Европа, електричниот Модел Ипсилон и достапниот и разумен Сандеро, имаат значително зголемување на продажбата во декември. Модел Ипсилон постигна раст од 15 проценти во споредба со декември ’23, додека растот кај Сандеро изнесува 20 проценти.

Третото место во декември е сосем извесно дека ќе му пропадне на Рено Клио, и покрај падот од 4,5 проценти во продажбата, со 20.160 возила.

На 4-то место во последниот месец од минатата година е уште еден модел на групацијата Рено, малечкиот СУВ Дачиа Дастер. Водечката петорка ќе ја заокружи Фолксваген Голф, пред својот сестрински модел Тигуан.

Податоците уште се нецелосни и може да се сменат местата, по добивањето на продажбите за преостанатите 2 проценти од пазарите што ги покрива Датафорс.

Уште една тесна трка се води за 12-то место, за коешто се натпреваруваат Шкода Октавиа и Хјундаи Тусон, со разлика од само четири возила.

Најпродавани модели во Европа во 2024 година, според првичните податоци на Датафорс

Кои модели беа победници, а кои губитници во декември?

Меѓу најголемите победници во месецот се Тојота Ц-ХР, чијашто продажба порасна за 96 проценти, а одличен раст имаа и Мерцедес-Бенц ГЛЦ (+62 проценти) и Пежо 208 (+56 проценти).

Моделите што имаа потешкотии да ги убедат купувачите во декевмри се Ауди А3, со пад во продажбата од 40 проценти, но и Фолксваген Поло (-32 проценти) и Мини Купер (-30 проценти).

Сандеро е шампионот за 2024 година, по повеќе години во коишто за влакно го пропушташе врвот

Сандеро ќе го понесе шампионскиот наслов за најпродаван модел во Европа во 2024 година, по долги години во коишто за малку не успеваше да го дофати врвот. Градскиот модел беше втор најпродаван модел во 2022 и 2023 година, односно заврши на 3-то место во 2021 година. Преклани, титулата му припадна на Модел Ипсилон.

Во 2022 година, Сандеро тесно ја изгуби трката од Пежо 208, додека една година пред тоа му го препушти првото место на Фолксваген Голф, со Рено Клио на второто место.

Сандеро беше најпродаван модел на европскиот пазар во вкупно осум месеци во 2024 година.

Освен во декември, Модел Ипсилон беше прв во март и септември. Во мај, врвот му припадна на Фолксваген Т-Рок. Тоа се единствените три модели што се менуваа на врвот во минатата година.

Фолксваген Голф и Рено Клио во тесна трка за второто место во годишната продажба

Преостанатите два проценти од податоците што треба да се добијат ќе решат за второто место.

Клио го води Голф со 216.569 возила, наспроти 216.549 возила.

Продажбата на Клио за целата 2024 година порасна за 6,5 проценти. Растот кај Голф беше уште поубедлив, со 18 проценти во плус.

Модел Ипсилон ќе биде 4-ти најпродаван модел лани, додека Фолксваген Т-Рок е петтиот најпродаван модел.

Кои модели имаа најголем раст во продажбата во 2024, а кои најмал раст?

Големите победници за 2024 се Опел Астра со раст од 38 проценти, БМВ Икс 1 со +30 проценти и Шкода Фабиа со +29 проценти.

Моделите во Топ 50 што изгубија најмногу места се Модел Ипсилон со пад од 18 проценти, Форд Куга (-15%) и Опел Корса (-14%).

Видеото од тестот на Опел Астра

Претходна објаваПионерски проект во Италија: Возилото само доаѓа до нарачателот, тој презема понатаму
Следна објаваДизајнерот Ентони Ло е главната ѕвезда на БАИК, што вели тој за новото работно место кај кинескиот производител

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here