Euro NCAP ќе тестира и системи за препознавање пешаци

Конзорциумот Euro NCAP од следната година ќе стартува со тестирање на системи што самостојно запираат кога возилото наидува на пешак. За таа цел ќе се користат специјални кукли за тестирање. За добра оцена е потребно системот самостојно да го запре возилото и да спречи незгода со пешак при брзини до 40 km/h, односно да ги ублажи повредите на пешак кога возилото се движи со брзина до 60 km/h. Euro NCAP ќе користи три различни сценарија: Возрасен пешак во одење, возрасен пешак во трчање и дете што ненадејно истрчува од зад паркиран автомобил.

 

Претходна објаваTAG Heuer Connected: Паметен часовник со ретро скринсејвер
Следна објаваИ тракторите имаат системи за асистенција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here