ЕУ во јануари: Од секои пет продадени автомобили, еден е електричен, два се хибриди

Во јануари повторно пад во продажбата на автомобили во ЕУ, што ќе беше уште поизразено, доколку Кинезите не продолжеа да се пробиваат. Добри вести за електрификацијата.

Гранде Панда ѝ донесе на италијанската марка раст од преку 30 проценти во продажбата во јануари

Пазарот на автомобили во ЕУ во јануари забележа ново регистрирани 799.625 возила, што е за 3,9 проценти под првиот месец лани. Од погоните, најголем раст има кај електричните (+24,2%) и приклучните хибриди (+28,7%), додека чистите бензинци и дизели се во пад од преку 20 проценти.

Втора година по ред почнува со пад во продажбата на автомобили на пазарот во ЕУ. Единствено има добри вести за електрификацијата, затоа што со 154.230 нови регистрации, чисто електричните автомобили (БЕВ) освоиле 19,3 проценти од вкупниот пазар од близу 800.000 возила. Тоа е уште подобра вест, кога ќе се открие и раст од 24,2 проценти во споредба со првиот месец во 2024 година.

Приклучните хибриди не ја достигнуваат продажбата на БЕВ, со вкупно 78.741 регистрирани возила во јануари и удел од 9,8 проценти, но затоа имаат уште поголем раст, со 28,7 проценти.

Најголемиот дел од пазарот на електрифицирани возила им припаѓа на хибридите, со 308.364 возила и раст од 6,2 проценти. Со тоа, хибридите се најчест избор на возачките и возачите во ЕУ, со нивните 38,6 проценти од целиот автомобилски пазар. Под хибриди се подразбираат и благите хибриди.

Губат обичните бензинци и дизел, со заеднички удел од 30,1% во јануари, наспроти 39,5% во истиот месец лани

Дизелите се паднати далеку под десет проценти (8,1%), чистите бензинци држат малку над петина од пазарот (22%). Во јануари, повеќе автомобили се продадени со електромотор во погонот, отколку автомобили без каква било електрификација.

Од четирите најголеми пазари за чисто електрични автомобили во ЕУ доаѓаат мешани резултати: Франција (+52,1%) и Германија (+23,8%) пријавија драстично зголемен раст, додека Белгија (-11,5%) и Холандија (-35,4%) имале силен пад.

Фиат Гранде Панда · Тест · Големите автомобили се малечки

Побарувачката за хибриди има најголем раст во Италија (+29,4%) и во Шпанија (+9%). Наспроти тоа, овој погон е во благ пад (-1,8%) во Германија.

За приклучните хибриди, повторно се јавува Италија со најголем раст (+134,2%), следи Шпанија (+66,7%) и Германија со 23 проценти во плус.

Хибридите прв избор во Грција, дизелите пред исчезнување

Најрасположени за збогување со дизелите се Французите, со пад од -49,1 процент, во земјата што некогаш предводеше со своите дизели. И соседна Грција дава добар пример: Од 10.087 регистрирани нови возила во јануари, само 463 се дизели, и тоа е пад од 51,7 проценти. Најзастапен вид на погон кај Грците се хибридите, со 6.397 нови регистрации и раст од 24,9 проценти.

Претходна објаваПорше планира да ги спои Панамера и Тајкан во еден модел
Следна објаваЕлектрични автомобили во регионот: Удел 11% во Словенија, до 5.000 евра субвенција во Србија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here