
Во екот на офанзивата за скусување на трошоците, Порше под раководство на новиот извршен директор Мајкл Лајтерс, рагледува можност за две свои моделски серии, луксузната лимузина Панамера и спортската електрична лимузина Тајкан, да ги спои во еден модел.
Аутокар објави на 9-ти март дека Порше проверува дали е одржливо, Панамера и Тајкан во иднина да се развиваат како посебни моделски серии, со сосем различна техника.
Единствено е заедничко тоа што двата модели имаат четири врати.
Аутокар објави, „изворите укажаа дека се истражува можноста да се зголеми бројот на заеднички деллови и можноста за заеднички идентитет, дури и во случај ако за наследниците се продолжи со користење различни платформи.“
Порше и останатите традиционални производители се соочуваат со новата конкуренција од кинеските производители на автомобили, коишто постигнуваат многу пониски трошоци за развој и производство.
Панамера е конструирана врз платформата МСБ на Порше и за следната генерација се планира моделот да се префрли на ППЦ-платформата на групацијата Фолксваген, којашто веќе ја користат неколку модели од марките на концернот, објави Аутокар.
Тајкан ја користи како основа платформата Ј1, којашто ја дели со Ауди Е-трон ГТ. Следната генерација на Тајкан треба да ја користи платформата ССПС на групацијата Фолксваген, наведува Аутокар.
Претставник на Порше, повикувајќи се на политиката на компанијата, соопшти дека производителот „не може да коментира или да учествува во шпњекулации околу можните идни модели.“
Порше разгледува и можност за рано укинување на моделската серија Тајкан, објави во јануари гласникот на германската автомобилска индустрија Аутомобилвохе.
Порше во септември соопшти дека следната генерација на Панамера, односно наследникот на серијата, е вклучена во плановите за идните модели на компанијата. Германците претходно објавија дека Панамера ќе остане во производство до доцните 2030-ти години, со бензински мотори и со приклучен хибриден погон.
Таа најава проследи откако Порше соопшти дека ги менува плановите за идните електрични модели, како и за останатите моделски серии.

Првата генерција на Панамера беше лансирана во 2009 година.
Со унификацијата на Панамера и Тајкан ќе се скусат трошоците за развој на нови модели, што е меѓу главните цели на Лајтерс, објави Аутоакр. Поранешниот извршен директор на Мекларен продолжи со истата функција во Порше, од 1-ви јануари.
Порше со помпа го лансираше Тајкан кон завршетокот на 2019 година, како прв модел на германската спортска марка со електричен погон. Тој се ценеше како технолошки предводник на марката.
Порше ја прошири понудата со неколку моделски изведби, вклучувајќи и модел со каросерија во стил на комби-купе.
Германската марка во јануари испорача 7.514 возила на пазарите во ЕУ, ЕФТА и ОК, што е за 5,5 проценти под резултатот од лани.
За тековната деловна година се очекува оперативната маржа на Порше да се движи меѓу 5,5 и 7,5 проценти, наспеоти падот на 1,1 процент лани, од 14,1 проценти во 2024 година, поради отпишувањето на вложвуањата во развојот на електрични модели.















