за

Годината почна со Дачиа Сандеро, најпродаван модел во Европа во јануари

Дачиа Сандеро е првиот шампион во месечната продажба на нови автомобили на европскиот пазар во 2024 година. Тесла се соочува со проблеми.

Трета година по ред почнува со Дачиа Сандеро како најпродаван автомобил на европскиот пазар.

Фолксваген Голф се враќа блиску до врвот и беше втор најпродаван модел во јануари, додека Модел Ипсилон, првакот од 2023 година, одвај влезе меѓу 20-те најпродавани модели во почетокот на годината.

Дачиа е на пат да ѝ биде потврдено водството меѓу најпродаваните нови автомобили на европскиот пазар во јануари. Градскиот модел од романската марка е во предимство пред Фолксваген Голф, со 23.696, наспроти 17.247 примероци. Тоа го покажуваат податоците што се добиени од 96 проценти од пазарите во ЕУ, ЕФТА и ОК.

Продажбата на Сандеро порасна за 12 проценти, додека Голф напредуваше за дури 50 проценти.

Трет најпродаван модел е Пежо 208 со 15.883 возила, што преставува напредување за 18 проценти.

Испораките на нови автомобили во Европа пораснбаа за 11 проценти во јануари. Причината за тоа е главно во возилата на марките на концерните Фолксваген и Стелантис, што беа нарачани пред повеќе месеци и чекаа да влезат во производство.

Ова ќе биде трета година, како моделот од буџет марката на групацијата Рено се изборува за првото место во продажбата во Европа во јаниари.

Најпродаваниот автомобил за цела 2023 година, Тесла Модел Ипсилон, слабо ја започна годинава. Со 10.901 продадено возило, Модел Ипсилон во изминатиот месец успеа да го освои само 19-то место.

И досега се случувало Тесла да има слаба продажба во првиот месец од првиот квартал. Лани Модел Ипсилон беше 30-ти најпродаван модел во Европа, но затоа во следните два месеци се искачи на првото место, за со тоа да го освои првиот квартал, а потоа и титулата на најпродаван модел во 2023 година.

Друг фактор што може да влијае врз Тесла е отпорот на вработените во америкаксната марка во Шведска, на коишто фирмата на Илон Маск одбива да им потпише колективен договор.

Блокадите на работничките синдикати против Тесла траат близу четири месеци. Според Блумберг, тоа е најдолг штрајк во нордиската земја од Втората светска војна наваму.

Тесла ја зголеми продажбата на лимузината Модел 3 за близу 300 проценти во јануари.

На Тесла сепак ѝ припаѓа титулата на прв и втор најпродаван батериски електричен автомобил во јануари.

Тесна битка се води за 7-то место, меѓу Фолксваген Т-РОк, којшто е во мала предност пред Пежо 2008, за 324 возила. Тоа го покажуваат првичните податоци што ги објави Датафорс.

Уште потесна е битката за деветтото место, каде што Киа Спортаж води пред Рено Клио со само 106 возила.

Тојота има шест модели во европскиот Топ 50 во јануари, следи марката Фолксваген со пет, а потоа Пежо и Шкода со по четири модели.

Најпродавани 50 модели во Европа во јануари 2024

Марка

Модел

Јан ’24

Јан ’23 (%)

Dacia Sandero 23696 11.5
VW Golf 17247 49.9
Peugeot 208 15883 13483 3
Toyota Yaris Cross -364
Skoda Octavia 15076 57.8
Citroen C3 14661 50.1
VW T-Roc 13877 -23.2
Peugeot 2008 13553 11866 8
Kia Sportage 13108 28.5
Renault Clio 13002 -8.4
VW Tiguan 12783 -15.3
Toyota Yaris 12737 -21
Fiat Panda 12622 6.9
Ford Puma 12598 30.7
Dacia Duster 11985 -12.4
Opel Corsa 11861 -8.6
Nissan Qashqai 11591 23.6
Toyota Corolla/ 11260 4.8
Tesla Model Y 10901 47.5
VW Polo 10752 29
Hyundai Tucson 10748 -5.9
Audi A3 10511 52
Renault Captur 8762 -16.2
Volvo XC40 8606 -1.8
Ford Kuga 8518 18.4
Skoda Kamiq 8395 -1.9
MINI One/Cooper 8359 36.3
BMW 1 5770
Peugeot 308 8182 24.4
Toyota C-HR 8095 -13.6
Opel Mokka 8030 25.8
Peugeot 3008 7801 6.7
Dacia Jogger 7591 12.1
BMW 3 7504 20.7
Fiat 500 7495 -18.9
Toyota RAV4 7416 50.8
Skoda Karoq 7390 -0.5
BMW X1 7171 49.8
Jeep Avenger 7114 142180
MG ZS 7016 70.1
Volvo XC60 6866 15
Skoda Fabia 6845 -14.5
Ford Focus 6831 -24.5
Opel Astra 6649 165
Hyundai Kona 6601 2.3
Toyota Aygo X 6568 -10.7
Nissan Juke 6565 65.3
Cupra Formentor 6479 18.1
VW T-Cross 6157 -39.7
Tesla Model 3 6101 298.8

Видеото од тестот на новата Тојота Ц-ХР

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинеските производители на авто делови јуришаат на Мексико

Фолксваген ИД.7 Турер е комбито за генерацијата Е