Европската Комисија разработи предлог закон со којшто ќе се дозволи продажба на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување, што користат исклучиво е-горива коишто се неутрални за климата. Со тоа треба да се надмине разидувањето со Германија, околу законите со коишто ќе биде забрането во ЕУ да се регистираат нови автомобили со мотор со внатрешно согорување по 2035 година.
Предлог законот, во којшто имаше увид новинската агенција Ројтерс, предлага да се востанови нова категорија возила во Европската Унија, за автомобили што ќе може да користат исклучиво горива коишто се неутрални во поглед на емисијата на СО2.
Тие возила ќе располагаат со технологија, што ќе оневозможува во нив да се точи друг вид гориво, се предвидува со законот. Технологијата ќе опфаќа и уред за „воведување на горивото во системот за напојување“, којшто ќе има функција да спречи стартување на моторот доколку во резервоарот се наполни гориво што не е неутрално во поглед на емисијата на СО2.
Со овој предлог ќе им се овозможи отстапка на производителите на автомобили, за да продолжат со продажба на возила со мотор со внатрешно согорување по 2035 година. Тоа е рокот по којшто ЕУ ќе забрани продажба на нови возила што испуштаат СО2.
По повеќемесечни преговори, државите членки на ЕУ и Европскиот Парламент уште во минатата година гласаа за законот. Меѓутоа, германското министерство за сообраќај месецов ги изненади останатите членки во Унијата, откако во последен момент се спротивстави за донесувањето на законот, само неколку денови пред конечното рутинско гласање, по коешто законот требаше да стапи во сила.
“Our asks are simple. Stick to the 2035 date, and no concessions for e-fuels”.
47 businesses have written to @EU_Commission urging them to resist calls to overturn the ban on the sale of new petrol and diesel cars by 2035.https://t.co/uWuh78dti7 pic.twitter.com/U1yamquGkb
— Climate Group (@ClimateGroup) March 21, 2023
Клучното барање на германското министерство е ЕУ да дозволи продажба на нови автомобили што користат е-горива по 2035 година. Министерството денес соопшти дека бил остварен контакт со Комисијата, во обидот да се изнајде решение за проблемот, што моќната германска автомобилска индустрија го следеше будно.
„Заинтересирани сме за брзо да се најде решение, но тоа мора да биде издржано и обврзувачко. Во моментов внимателно го разгледуваме тоа,“ изјавија од Министерството.
Два извори што се запознаени со проблемот, упатуваат дека условот на Комисијата бил автомобилите да мора да располагаат со можност да ги разликуваат горивата што се СО2-неутрални, од госилните горива. Токму тој услов бил проблем за Германија, затоа што во тој случај производителите би биле присилени за масивно да развиваат нови мотори.
Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг не сакал целосно да го одбие предлогот на Комисијата, туку повеќе бил да се внесат подобрувања во предлогот, откриваат изворите за Ројтерс.
Двете страни би требало да постигнат договор до четврток, кога се одржува самитот на ЕУ.
Е-горива во моментов не се произведуваат во индустриски обем. Студијата што Институтот за климатски истражувања во Потсдам ја објави денес, открива дека сите проекти за производство на е-горива што се планирани ширум светот, во следните неколку години би произвеле количина на гориво што би покрила само 10 проценти од потрошувачката на горива на Германија, во авијацијата, бродскиот транспорт и во хемиската индустрија.
















