Електричните автомобили годинава ќе достигнат продажба од 20 милиони примероци

Мерцедес-Бенц Е Ку С приклучен на полнач на ексклузивна станица за полнење

Европа како втор најголем пазар за електрични автомобили во светот, ќе продолжи да расте, со стапувањето во сила на новите и значително построги ограничувања за ЦО2. Исто толку големо влијание ќе има и пристигнувањето на нови модели на електрични автомобили со подостапна цена. Растот сепак ќе биде помал во споредба со 2023 година, цени Ајола Хјуз, главна истражувачка вцо Ро Моушн.

Производителите очекуваат 2025 да биде година на промени, поради воведувањето на новите ограничувања за емисијата на ЦО2 во Европа, со цел да се поттикне купувањето електрични возила. Понатаму влијае тоа што Кина продолжува со исплатата на субвенции за купување електрични возила. Единствено САД ќе остапат од досегашните планови за поширок замав на електричните возила, по стапувањето на Трамп на местото на претседател.

Растот на продажбата на ЕВ во Кина се очекува дека ќе биде поголем од претходно прогнозираните 17 проценти. Електричните автомобили ќе ја зголемат својата доминација на пазарот во Кина, по продолжувањето на субвенциите, ценат од Ро Моушн. Во 2024 година, нивната продажба порасна за повеќе од 40 проценти, достигнувајќи 11 милиони продадени возила.

Продажбата на електрични автомобили од кинеско производство во Латинска Америка ќе го продолжи трендот од 2024 година, каде што тие постигнаа пазарен удел од преку 8 проценти. Се предвидува дека растот ќе продолжи и во регионот на Југоисточна Азија и на пазарите во развој.

Зголемената продажба на ЕВ во Европа ќе помогне да се избегне плаќањето високи казни за надминување на строгите лимити ЦО2 на ЕУ

За Европа се предвидува дека пазарот ќе порасне за 15 проценти во споредба со лани, кога беа продадени 3 милиони батериски електрични и приклучни хибридни автомобили.

За производителите останува ризикот од казни во висина од околу 10 милијарди долари, доколку не успеат да останат под строгиот лимит за емисија на ЦО2 што од годинава важи во ЕУ. Нема да помогне многу и тоа што производителите се здружуваат во т.н. ЦО2-пулови, за да прикажат пониска емисија на ЦО2. Претходните предвидувања беа дека казните ќе достигнат 15 милијарди евра.

Ро Моушн очекува продажбата на ЕВ во САД во 2025 година да порасне за 16 проценти. Сменетата политика на Трамп во поглед на ЕВ нема да промени многу во побарувачката, но се очекува дека таа ќе влијае на подолг рок, со најлошото можно сценарио, побарувачката за ЕВ да опадне за 47 проценти во 2040 година.

Претходна објаваПолска повикува на бојкот на Тесла по изјавите на Илон Маск за германската АфД
Следна објаваФиат ги објави цените за Гранде Панда, подостапни и од Ситроен Ц3

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here