Една година чекање за испорака на електричен автомобил

електричен автомобил, mitsubishi i-miev test

Идните сопственици на Tesla Model 3 не се единствените купувачи на електричен автомобил што мораат да го вежбаат своето трпение. Првите нарачатели од Европа чекаат веќе две години и се надеваат дека ќе седнат во својот нов електричен автомобил во почетокот на 2019 година. Но, колку изнесува рокот на испорака кај останатите производители?

Електричните автомобили се главна тема. Тие уште се немаат пристојно одомаќено по улиците и пред куќните прагови, а веќе секој ден се слуша нешто ново за нив. Јасно е дека голем дел од промените, не само во автомобилизмот, туку и во размислувањето околу мобилноста, поттикнати се токму од возилата на струја. Притоа, нивниот удел во продажбата е речиси незначителен. Тоа само покажува, колку е големо значењето на електричниот автомобил.

Лани возилата со електричен погон – батериски и плагин хибриди – учествувале со само 1,75 процент во вкупната продажба на возила во Европа. И покрај тоа, производителите имаат потешкотии со испораката на овие возила. Првите примероци од Tesla Model 3 ќе пристигнат во Европа дури во почетокот на 2019 година. Но, истиот рок важи и за малечкиот електромобил на Daimler, за Smart Electric Drive. Големата пазарна побарувачка очигледно ги надминала очекувањата на производителот на Mercedes.

Volkswagen воведува втора смена за својот електричен автомобил

Дванаесет месеци му се потребни и на Hyundai, за верзијата на Ioniq со електричен погон да се произведе во Кореја, да се пушти на брод и да се подготви за испорака. Оние што сакаат да возат Golf на струја, нема да го добијат своето возило порано од октомври. Од март се воведува втора смена во фабриката во Дрезден, со што дневната продукција ќе се зголеми двојно, од 35 на седумдесет примероци.

Ниту малечкиот e-Up не може веднаш да се изнесе од салон. Чекањето трае пет до шест месеци. Лани Volkswagen испорачал близу 13.000 примероци од e-Golf и 3.000 примероци од e-Up на европскиот пазар. Двата модела заедно не постигнале ниту половина од продажбата на шампионот Renault Zoe.

Renault испорачува за половина година и има три модели во понуда

Кој цени дека половина година е разумен период за чекање, може да нарача Kia Soul EV, кој е осми најпродаван електромобил во Европа. Исто толку трае и чекањето на новиот Nissan Leaf. Францускиот партнер во алијансата, Renault, наведува рокови на испорака меѓу 5 и шест месеци за своите три електрични модели: Бестселерот Zoe, доставниот Kangoo Z.E. и радикалниот Twizy.

Купувачите на Tesla всушност чекаат најмалку. Но, тоа важи за оние што платиле за Model S или Model X. Рокот за испорака на калифорниските електромобили, вредни сто илјади евра, изнесува четири месеци. Станува збор за автомобил по нарачка. Друга е приказната доколку се избира автомобил од плац. Четири месеци трае и испораката на Opel Ampera-e, којшто исто така пристига од другата страна на океанот, од фабриките на Chevrolet.

Единствено BMW не е изненаден од интересот за својот електричен автомобил

BMW i3 лани бил четврти најпродаван модел на пазарот на електрични автомобили во Европа. Renault Zoe освоил повеќе купувачи затоа што е подостапен и има плус опција за изнајмување на батеријата, Nissan Leaf ја применува истата шема, а Tesla Model S на третото место профитира од добриот имиџ. Затоа пак, баварскиот електромобил е пред e-Golf, Model X и Smart Fortwo Electric Drive. Неговиот рок на испорака? Осум недели.

ФИА ги прикажа новите тркачки болиди во електричната формула

Електричниот камионет на германската пошта се продава како луд

Електричниот погон ги освојува доставните возила

Toyota подготвува десет електрични автомобили за 2020

Топ 10 Најпродавани електрични автомобили во Европа

Претходна објаваГолемиот теренец на Seat се вика Tarraco
Следна објаваЕнцо Ферари е роден пред 120 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here