Електричниот погон ги освојува доставните возила

volkswagen e-crafter start
MAN e-TGE е идентичен со Volkswagen e-Crafter, но се повикува на екстра-услугите што ги има марката како специјалист за товарни возила

Големи клиенти од четири европски држави ги добија првите примероци од Volkswagen e-Crafter, новото доставно возило со електричен погон. До средината на следната година тие ќе го тестираат електричното доставно возило во секојдневни услови на работа. Потоа следи почеток на сериското производство.

Служби за достава на пратки, енергетски компании, занаетчиски работилници и трговци на мало од Германија, Велика Британија, Холандија и Шведска ќе го тестираат Volkswagen e-Crafter. Тестирањето ќе трае до средината на следната година. Електричниот транспортер ќе минува меѓу 70 и 100 километри во секојдневна служба, со чести запирања и поаѓања. Тоа се податоците што производителот ги доби по спроведеното истражување на пазарот. Volkswagen за таа цел анализираше 210.000 одделни возења од 1.500 клиенти – со возила со конвенционален погон.

Моќност од 136 КС, досег до 160 километри и крајна брзина од 90 km/h

Литиум-јонската батерија со капацитет од 35,8 kWh е интегрирана во подот, што значи дека зафатнината на товарниот простор останува непроменета. Во зависност од изведбата, максималната носивост изнесува меѓу 1,0 и 1,75 тон. На CCS-полнач со 40 kW, батеријата се полни до 80% за 45 минути. На обичен полнач (7,2 кW), целосна наполнетост се постигнува по 5 часа и 20 минути. Испораката на Volkswagen e-Crafter ќе стартува во септември следната година.

Претходна објаваToyota подготвува десет електрични автомобили за 2020
Следна објаваHonda Insight се враќа како голема лимузина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here