Edag Light Cocoon: Зимска јакна место каросерија

Автоиндустријата работи интензивно на развој на лесни возила. Добавувачот Edag докажува дека место карбон или алуминиум може да се користат други материјали. Текстил, на пример.

Според визијата на добавувачот Edag, автомобилите во иднина ќе имаат каросерија изработена од текстил, којшто е многу полесен од метал. Оваа германска фирма ќе ја прикаже студијата Light Cocoon на претстојниот салон во Женева, во почетокот на март. Текстилот што е навлечен врз носечката каросериска структура обично се користи за изработка на спортска облека, на пример за водонепропустливи зимски јакни, па ниту кај оваа студија не е поразлично.

Во одделни компоненти, како на пример во хаубата, идејата на Edag носи заштеда во тежина од 25 проценти
Придружен ефект на технологијата на Edag е заднинското осветлување зад текстилната обвивка

Предноста, според производителот, лежи во значително пониската тежина на текстилот во споредба со металот. Носечката метална структура на возилото притоа останува непроменета. Edag се погрижи на возилото да му даде и интересен визуелен ефект, со диодните светла што се поставени на скелетот на Light Cocoon.

За надворешната обвивка се погрижи производителот на спортски јакни Jack Wolfskin, па оттаму и не е погрешно ако студијата Light Cocoon се нарече зимска јакна со тркала. Германскиот добавувач уште не открива колкава заштеда во тежината на целото возило се постигнува со неговото иновативно решение, туку наведува единствено дека хаубата би била полесна за 25 проценти. Според производителот, оваа необична структура има предности при користење на техниката за изработка со 3D печатење. Примената во сериското производство сепак нема да се случи во видно време.

Претходна објаваЕлектричен Nissan разнесува брза пошта низ Италија
Следна објаваКаков избор е користен Mercedes Е-класа (1995-2002)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here