
Како што поскапува струјата и електромобилноста станува реалност, на сцената се зборува сé повеќе за таканаречените двонасочни полначи. Тие нормално овозможуваат батеријата во електричните автомобили да се наполни по ноќна тарифа, кога цената е пониска, но посебноста е во тоа што истите можат енергијата од батеријата да ја насочат кон домот или работното место.
Двонасочното полнење овозможува електричните автомобили да ја наполнат батеријата, но исто така овозможуваат таа енергија да се насочи кон надворешни потрошувачи, па дури и да се врати назад во дистрибутивната мрежа. Постојат најразлични сценарија на примена, коишто се водат под поимите Vehicle-to-Load, Vehicle-to-Building или Vehicle-to-Grid.
Суштината е во тоа што електричните возила можат да послужат и како подвижен акумулатор за вишок зелена струја, а може да се користат и во насока на стабилизација на електричната мрежа. Затоа експертите велат дека двонасочното полнење претставува клучна технологија во интерес на енергетската пресвртница.
Wallbox Chargers се цени како една од водечките компании во сферата на решенија за полнење и енергетски менаџмент за електрични возила. Еден од нивните главни производи е Quasar, прв двонасочен полнач што е достапен за домашна примена. Деновиве компанијата ја претстави новата генерација на полначот, Quasar 2.
Преку неговите функции на Vehicle-to-Home (V2H) и Vehicle-to-Grid (V2G), полначот Quasar 2 овозможува сопствениците на електричен автомобил да заштедат. Студии спроведени во Европа покажуваат дека преку овој вид полначи може да се заштедат до 1.000 евра на годишно ниво.
View this post on Instagram
За полначот е развиена и посебна апликација, којашто автоматски раководи со почетокот на полнењето на батеријата. Во време кога поскапува променливата дневната тарифа, полчачот ја префрлува енергијата од батеријата во возилото во домот. Автомобилот може во просек да го напојува домот со струја до три денови.
Полначот е интересен и за домаќинства што имаат поставено соларни модули. Вишокот енергија се акумулира во батеријата на возилото и потоа се користи по потреба, без оглед на часот.















