Глобалниот моќник со коцки за составување очигледно доби одличен одговор од пазарот, по лансирањето на легендата Harley-Davidson Fat Boy, во верзија што ја собира во регал. Ducati Panigale V4 R е следниот светски ценет мотоцикл во серијата Technic на Lego.
Смалената и коцкеста верзија на мотоциклот што оригинално располага со 220 КС, се состои од 646 делови. Суперспортскиот мотоцикл во верзија на Lego е долг 32 сантиметри, висок 16 и широк осум сантиметри.
Panigale е првиот мотоцикл од Lego-Technic што поседува функционален двостепен менувач. Копијата на моторот V4 исто така поседува делови што ротираат. Специјалистот за светот на коцките ветува дека управувањето и водењето на тркалата дозволуваат неколку основни возачки маневри.
Ducati во верзија на Lego е наменет за градители над 10 годишна возраст и ќе биде понуден во продажната мрежа на Ducati и во продавниците за Lego од 1-ви јуни. Секако стои на располагање и можност за нарачка преку онлајн-продавницата на Lego. Цената што е наведена на словенската страница вели 64,99 евра.
До страницата за Ducati Panigale на Lego Technic
https://www.lego.com/en-si/product/ducati-panigale-v4-r-42107