за

Топ 10 држави со најмногу радари: Италија шампион со преку 10.000 контроли

За овие фотографии, никој не се насмевнува. Европската полициска мрежа Тиспол ја одбележа „Неделата на брзината“ и објави податоци за бројот на поставени радари по одделни држави. Италија е во голема предност, но и рајот за брзото возење по автопат, Германија, не заостанува многу.

Според статистиката што ја објави европската полициска мрежа Тиспол, на патиштата во Италија се поставени најмногу брзински радари од сите држави во ЕУ. Нивниот број во земјата изнесува 10.175 и за една третина е повисок во споредба со втората земја со најмногу радари, Велика Британија, кадешто има 6.547 стационарни радари.

Во Италија за четири години е драстично зголемен бројот на радари. Во 2015 година, нивниот број изнесувал 6.624, што значи дека оттогаш на италијанските патишта се поставени повеќе од 3.500 дополнителни контроли на брзината.

Третото место ѝ припаѓа на аутобан-нацијата, за кадешто многумина имаат впечаток дека брзините се неограничени на целата патна мрежа, што секако дека не е случај. Тоа се потврдува и со бројот од вкупно 4.577 поставени радарски станици. Германците можат да бидат спокојни барем со тоа што не се зголемил бројот на радари. За четири години, има само 340 нови радари низ целата држава.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Безбедноста осум децении е врвна наука во Mercedes

Патување со автомобил ноќе не е најдобар избор

Добро меѓусебно разбирање води кон поголема безбедност во градскиот сообраќај

Овие 15 држави во ЕУ го ограничуваат сообраќајот при загаденост

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes фабрика батерии

Mercedes започна изградба на фабрика за батерии

ford Кина нови модели

Ford за три години ќе пушти 30 нови модели во Кина