Донгфенг има уште два новитети за македонскиот пазар, премиум по цена од Кина

Мејџ и Хјуџ, многу звучна двојка од нови модели, од новата марка Еолус, со којашто кинескиот производител Донгфенг лани ја прошири својата понуда од познатите ДФСК и Фортинг. Компактниот СУВ Мејџ е првиот модел што е конструиран врз новата платформа ДСМА 2.0, со којшто Донгфенг ја почнува следната офанзива за освојување на нови пазари ширум светот. Вториот новитет, Хјуџ, цели повисоко од кој било друг модел на ДФМ што досега го имаме пречекано на македонскиот пазар.

Изгледот е вреден за внимание, но исто и техниката. Мејџ е СУВ од компактната класа и модел е на марката Еолус, што му припаѓа од кинескиот производител Донгфенг. Тоа е истата марка што лани го привлече вниманието на македонската сцена, со лимузината Шајн, со цена од неполни 16.000 евра. Мејџ е сосем ново поглавје и како што наведува кинескиот производител, тој е почеток на новата офанзива на ДФМ за освојување нови пазари, покрај досегашните преку 100 пазари ширум светот.

Додека за претходните модели беше познато само малку околу нивниот развој и целите на менаџерите, за Еолус Мејџ се познати многу повеќе нешта, почнувајќи уште од фактот дека во декември 2022 година, прототипи беа пуштени три месеци да возат тестови во екстремни услови во Хелјунгџанг, најсеверната покраина на Кина, на температури до 40 степени под нула.

При развојот на Мејџ биле земени предвид и вкусовите и барањата на купувачите во најразлични региони ширум светот – а тоа значи главно Европа, затоа што тука се најстроги критериумите – па соодветно на тоа се избирани бои, материјали, нагодување на подвозјето, звуци, опрема, украси и слично.

Очигледно е дека им успеа на Кинезите, пак. Околу техниката, Донгфенг може многу гласно да си ги рекламира атрибутите на новиот СУВ на македонскиот пазар. Тоа се: Четирицилиндарец од 1,5 литар со турбонатполнење и директно впрскување, со моќност од 150 кВ, односно преку 200 КС, заедно со 7-степен менувач со двојна спојка од ценетиот Гетраг. На тоа доаѓа уште мултилинк задна оска.

[the_ad id=”85764″]

Од опременоста на Еолус Мејџ, што чини 25.900 евра и далеку е од тоа да биде „евтин“: Дигитални инструменти од 10,25 инчи, средишен дисплеј од 13,2 инчи многу посредена графика, сончев покрив од преку 1 метар квадратен, електрично отворање на вратата на багажникот, електрика на возачкото седиште, па и солидна бројка на системи за асистенција.

Основните технички податоци за Еолус Мејџ

  • Должина / Ширина / Висина (mm) 4650 х 1905х 1630
  • Меѓуоскино растојание (mm) 2775
  • Гуми 235/50R20
  • Резервоар за гориво (L) 51
  • Тежина на празно возило (kg) 1480
  • Мотор Мах Пауер 1.5, турбо, директно впрскување
  • Моќност (kW/min-1) 150/5200
  • Вртежен момент (Nm/min-1) 305/2000-4000
  • Менувач 7-степен автоматик со двојна спојка
  • Потрошувачка според WLTC (NEDC) (L/100 km) 7.2

Додека Мејџ е наменет за помладите купувачи, Еолус Хјуџ ја пренесува играта на сосем друго рамниште. Тој и со цената од 31.490 евра е над Фортинг Т5 Ево, како најпретставителен модел на ДФМ на македонскиот пазар досега, а тоа значи и дека ја презема улогата на нов знаменосец.

Технолошкиот дух што го зрачи Хјуџ е истиот од Мејџ, но насоката е различна. Тука сé e малку посериозно и поблагородно.

Во споредба со Мејџ, овој е седум сантиметри подолг, со пет сантиметри што отпаѓаат на подолгото меѓуоскино растојание, и секако е потежок со 1.608 килограми. Моторот на Хјуџ е ист како во компактниот СУВ.

Претходна објаваОпел со студијата Женева пред 50 години ја одушеви публиката
Следна објаваДачиа Сандеро пред нов триумф, во трка со Ситроен Ц3 за најпродаван модел во февруари во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here