Дипломати му должат на Лондон 145 милиони фунти за патарина

Transport for London Press Images

Британските власти пресметаа дека странските дипломати му должат на градот Лондон повеќе од 145 милиони фунти, што одговара на околу 169 милиони евра, на име на градска патарина.

Според писмото што држaвниот секретар Дејвид Ратли го достави до Парламентот, не постои правна основа, за дипломатските претставништва и интернационалните организации да бидат ослободени од т.н. Congestion Charge. Станува збор за патарина којашто се наплаќа за влез со возило во централното подрачје на Лондон.

Ратли наведува дека се работи за патарина и за такса за паркирање, којашто мора да се плати според правилата што важат интернационално. Наспроти тоа, дипломатите го гледаат Congestion Charge како данок, од којшто тие се ослободени.

Според британската влада, откако градската патарина е воведена во 2003 година, само амбасадата на САД има неплатени сметки во висина од 14,64 милиони фунти. Јапонија должи 10 милиони фунти, додека сметката на високиот комесар за Индија е отворена со 8,5 милиони фунти. Германците имаат повеќе обѕир, нивниот долг е 4,63 милиони фунти и се на 11-то место на листата на должници.

Таксата се наплаќа за секое возило што влегува во централното градско подрачје, во близина на Парламентот, на Британскиот Музеј и на Трафалгар Сквер, во најоптоварените периоди од денот и истата изнесува 15 фунти по ден.

Институции ширум светот, првенствено во главните градови, се жалат дека дипломатите и вработените во амбасадите не ги плаќаат казните за недозволено паркирање и други прекршоци, повикувајќи се на својот имунитет. Во Берлин, на пример, само во 2021 година, дипломатите направиле преку 10.000 сообраќајни прекршоци, од коишто одвај е наплатено нешто.

Претходна објаваВикендов во Македонија се вози 3-то издание на „The Distinguished Gentleman’s Drive“
Следна објаваНовата Серија 5 на BMW во салонот на М Кар: Со дизајн за уште пет генерации возачи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here