Викендов во Македонија се вози 3-то издание на „The Distinguished Gentleman’s Drive“

Фото: Веб (Gentleman's Crew)

Глобалниот хуманитарен хепенинг наречен The Distinguished Gentleman’s Drive оваа година го најавува своето трето Скопско издание.

Како најава за еден од посебно благородните настани од подрачјето на автомобилизмот што се одржуваат во Македонија, претседателот на клубот Gentleman’s Crew, Игор Стефановски потсетува на носечката идеја на овој благороден настан: „Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните автомобили и модата во борбата против машките болести, е секако чест но и обврска.“

Во минатата година, настанот DISTINGUISHED GENTLEMAN’S DRIVE во знак на борбата против ракот на простата собра повеќе од 200.000 долари на сите одделни возења ширум светот. На настанот лани зедоа учество над 150 градови, во 65 држави ширум светот. Секако, и Македонија, односно Скопје, се запишаа на глобалната карта на DGD настаните.

Блескавилото на прекрасните автомобили и шармот на „дотераните“ џентлмени и оваа година ќе бидат задолжителен фолклор на овој несекојдневна организација, со цел да се оддржат добропознатите тематски постулати на настанот – ширење на свеста кај машката популација и собирање на средства за борба против ракот на простата. И овојпат остануваме посветени на хуманитарната цел, заедно со сиот сјај кој го носи настанот.

Вообичаената практика – настанот да се оддржи на истиот ден во целиот свет, овојпат за свој датум го има 24-ти Септември, а точно на пладне, централното градско подрачје ке биде стартната точка за овогодинешниот собир. По утринското кафе, учесниците ќе се упатат кон хотелот Глориус на брегот на Велешкото езеро, а потоа карванот продолжува кон винаријата Кралица Марија во Демир Капија, која е домаќин на самиот собир.

Линк до страницата на македонскиот клуб што го организира локалниот настан

DG Front Page

 

Претходна објаваБио место фосил: DHL вози за Формула 1 со емисија намалена за 83 проценти
Следна објаваДипломати му должат на Лондон 145 милиони фунти за патарина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here