за

DHL го отвора првиот центар за електрични возила во Европа

Унапредување на електричната мобилност: DHL го отвора првиот „EV Center of Excellence” во Европа.

Со седиште во близина на Милано во Италија, “EV Center of Excellence” центарот поддржува електрификација на мобилноста и пакет решенија за целиот синџир на снабдување со електрични возила, од набавка на компоненти до испорака на возила и дополнителна логистичка поддршка.

(Соопштение за јавност, DHL)

• Центарот, кој се протега во магацин од 10.000 квадратни метри, е управуван од DHL Global Forwarding и DHL Express.
• Центарот за електрични возила во Италија е дел од глобалната мрежа на слични центри, нудејќи пристап низ целиот свет, на локални и меѓународни клиенти

На 28 Мај оваа година, DHL го отвори првиот “EV Center of Excellence” во Европа за
унапредување на електричната мобилност во Поцуоло Мартесана, во близина на
Милано, Италија. Во соработка со “Team EV” на “DHL Customer Solutions &
Innovation”, центарот го користи комбинираното складирање и управување со
товарот на DHL Global Forwarding, вклучувајќи ги бродскиот и авионскиот транспорт
на товар. Дополнително, DHL Express обезбедува мрежно решение за глобална
дистрибуција. Овој најсовремен објект, кој опфаќа приближно 10.000 квадратни
метри, е логистички центар приспособен да одговори на зголемената побарувачка
за електрични возила на италијанскиот пазар, конкретно насочена кон растечката
индустрија за електрични возила.

„Во DHL, сме повеќе од среќни, што ќе го претставиме првиот европски центар за
електрична мобилност во Италија. Оваа иницијатива ја одразува нашата
посветеност на одржливи логистички решенија за индустријата со електрични
возила“, вели Марио Зини, извршен директор во DHL Global Forwarding Italy. „Овој
центар обезбедува сеопфатен опсег на услуги и решенија, служејќи како крајна
дестинација каде нашите клиенти ќе имаат пристап до сѐ што им е потребно на едно
место, а исто така би имале и корист од стручноста и искуството на нашиот
персонал.

Назарена Франко, извршен директор на DHL Express Италија, додава: „Во период
на значителен раст, имаме за цел да ги поддржиме компаниите во нивната
транзиција за мобилност. Користејќи ја глобалната мрежа на DHL Express, им
помагаме на клиентите да одржат непречено производство преку ефикасно
управување со недостигот на суровини и недостиг на компоненти. Нашите
сертифицирани меѓународни специјалисти цврсто ја поддржуваат индустријата
преку нејзината енергетска транзиција. Преку “EV Center of Excellence”, ние сме
подготвени да бидеме клучен партнер во поттикнувањето на еволуцијата на
автомобилската индустрија.

“EV Center of Excellence” – центарот на електрични возила во Италија покрива
влезна и излезна логистика со користење на различни типови на транспорт,
складирање со дополнителни услуги за тестирање и полнење на батерии, како и
комплетно ракување со искористените батерии. Ова вклучува складирање,
полнење, посредување при проблеми со гаранцијата, замена на батеријата и
расклопување. Заедно со овие основни услуги, клиентите можат да го користат и
беспрекорниот “plug-in” приклучок во мрежата во согласност со европската LiBa.

Освен што може да се пофали со современ магацин, објектот може да се пофали и
со способност за складирање енергија и обезбедува специјализирани услуги
прилагодени за возила на две тркала. Покрај тоа, објектот е опремен со простории
со контролирани температура и влажност, нудејќи сеопфатно решение кое вклучува
прегради за основни и за опасни материи. Услугите се управувани од обучени
тимови во секторот за електрични возила, а за потребите од воздушен транспорт,
за клиентите се грижат тимовите сертифицирани од IATA CEIV. Исто така,
клиентите имаат можност да ја користат стручноста на логистичкиот тим на
Формула Е, чие седиште е во Италија.

Шестиот центар во глобалната мрежа, “EV Center of Excellence” им нуди на
меѓународните клиенти предност со својата стратешка позиција, обезбедувајќи
близина и на италијанскиот пазар и на соседните пазари. Објектот моментално
снабдува голем број на клиенти, вклучително и докажани производители на возила
од Италија, различни европски земји, САД и Кина.

„Во DHL, ние сме посветени кон унапредување на електрификацијата на
автомобилската индустрија. За таа цел, воспоставивме “EV Center of Excellence”
логистички центри ширум светот, каде тимови од специјалисти обезбедуваат
пионерски решенија за целиот синџир на снабдување – од извори на компоненти до
испорака на возила“, вели Фати Тлатли, претседател на Секторот за глобална автомобилност на Кориснички решенија и иновации на DHL. „Со новиот центар во
Италија, сега имаме присуство во секој регион, давајќи им на нашите клиенти
конкурентна предност на растечкиот пазар за е-мобилност“.

Пред три години

DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕВ се иднината, но ерата на моторите „не е завршена“, вели финансискиот директор на Фолксваген

Германската фабрика на Тесла ќе мирува пет дена