Германскиот автомобилски пазар порасна за 3 проценти во август и покрај постојните предизвици за производството на возила, поради недостигот од микрочипови.
Во август на германскиот пазар биле продадени 199.183 нови автомобили. Од вкупниот број нови автомобили, 62,9% се регистрирани како службени возила, и продажбата им е зголемена за 2,8 проценти во споредба со август лани. Кај приватните возила е забележан раст од 3,4 проценти. За промената што се случи во динамиката на продажба во минатиот месец сведочи податокот дека во првите осум месеци од годината биле продадени за 9,8 проценти помалку патнички возила.
Кај повеќето домашни марки во август имало двоцифрен раст. Спортската и престижна марка Porsche, којашто во меѓувреме учествува со едно од секои 100 продадени возила на германскиот пазар, постигнала зголемување од 47,9 проценти. Тоа е најголем процентуален раст, по што следат Mini (+39,1 % и удел од 1,7 %), Mercedes (+31,2 % и удел од 9,2 %), Audi (+21,7 % и удел од 8,8 %) и Ford (+12,6 % и удел од 5,1 %). Кај Volkswagen, што со 19,1 проценти и натаму држи најголем дел од домашниот пазар, продажбата пораснала за 5,0 проценти. Opel исто така има едноцифрен раст (+3,1 проценти), додека уделот изнесува 5,3 проценти. Единствено има пад во продажбата на BMW (-1,3 % и удел од 8,0 %) и Smart (-84,1 % и удел од 0,1%).
Десет од увозните марки имале зголемување во продажбата во август 2022 година. Најголем процентуален раст имаат DS (+176,9 % и удел од 0,1 %) и Land Rover (+121,2 % и удел од 0,7 %). За Dacia, статистиката покажува напредок од +76,1 проценти, а соодветно и уделот се зголемил на 2,8 проценти. Polestar (удел 0,1 %) напредувал за +40,1 проценти. Tesla има раст од 38,9 проценти во продажбата и удел од 2,7 проценти. Поголем пад во продажбата имаат Suzuki (-61,1 % и удел од 0,5 %), Renault (-48,0 % и удел од 2,0 %) и Mitsubishi (-46,4 % и удел од 0,9 %).
Гледано по сегменти, продажбата најмногу им напредувала на големите ванови, коишто со раст од 64,5 проценти достигнале пазарен одел од 2,7 проценти. Кај повеќенаменските возила е забележан вториот најголем раст по сегменти (+31,1 и удел од 4,5 проценти). За повеќе од 20% е зголемена продажбата на теренски возила (+24,8 % и удел од 11,7 %), спортски возила (+23,1 % и удел од 1,0 %), на модели од вишата средна класа (+23,0 % и удел од 2,8 %) и на високата класа (+20,5 % и удел од 1,0 %). Кај СУВ-моделите има напредок за +11,4 проценти, а нивниот удел е мошне висок со 29,4 проценти од пазарот.
Во сегментите на миниванови (-36,8 %, удел 0,6 %), мини (-20,2 %, удел 5,4 %), возила за кампување (-15,9 %, удел 2,5 %), компакти (-11,5 %, удел 16,0 %), средна класа (-4,0 %, удел 9,1 %) и градски возила (-3,0 %, удел 12,6 %) бројот на регистрирани возила во август е намален.
Во минатиот месец во Германија се регистрирани 32.006 батериски електрични возила, што е раст од 10,9 проценти
Чисто елеткричните возила во меѓувреме учествуваат со 16,1 проценти и ги престигнаа приклучните хибриди, со нивните 24.719 нови регистрации и 12,4 проценти удел на пазарот. Вклучувајќи ги приклучните хибриди, во август се регистрирани 59.835 возила со хибриден погон, што одговарта на удел од 30,0 проценти.
Најголем удел меѓу видовите гориво имаат бензинците, со 34,9 проценти, што одговара на раст од 1,2 процент. Напредувале и дизелите за 6,3 проценти, а нивниот удел во продажбата изнесува 18,2 проценти. Има зголемување и кај возилата со погон на автогас, со вкупно 1.088 примероци и раст од 53,0 проценти (удел 0,5 процент). Потоа следат уште 160 возила со погон на метан, за 19,6 проценти помалку (удел 0,1 процент). Просечната емисија на СО2 во август изнесува 113,2 g/km, што е за 1,3 процент помалку од истиот месец лани. На пазарот на користени, во август имало промена на сопственоста кај вкупно 569.322 моторни возила.
Kia Sportage најпродаван модел во Македонија во јули – заедно со Fiat Tipo