за

Peugeot 9X8 викендов вози трка во издржливост во Јапонија

Хиперавтомобилот на Peugeot во јули ја извозе својата прва трка во првенството во издржливост, викендов следи втората трка, што се вози на прочуената Фуџи Спидвеј.

По успешното деби во светското првенство во издржливост на новиот Peugeot 9X8 на 10-ти јули на славната Монца, францускиот тим отпатува во Јапонија, за викендов да ја извози својата втора трка со новиот болид. Тркачките хиперавтомобили со стартни броеви #93 и #94 на 11-ти септември ќе возат на Фуџи Спидвеј.

Peugeot на 10-ти јули го одбележа почетокот на новото поглавје во својата богата историја во мотоспортот, со дебито на хиперавтомобилот 9X8, што се натпреварува во LMH – Le Mans Hypercar, врвна категорија во првенството WEC. Првата трка на наследникот на 905 и 908, што се возеше на Монца, се покажа дека Французите за кусо време ќе можат да се борат за врвните места, против фабричките тимови што имаа континуитет во првенството во последните години.

Таа прва трка ни беше потребна“, објаснува техничкиот директор на Peugeot Sport, Оливие Жансони. „Со тестирањето постигнавме најмногу што можевме во подготовките и во развојот, и дојде време за директно да ги одмериме силите против нашите соперници, во услови на вистински тркачки викенд.“

Тимот стекна голема самодоверба за потенцијалот на Peugeot 9X8. Хомологацијата е заклучена, што значи дека понатаму врз автомобилот може да се вршат само ситни преправки, што се дозволени во правилникот.

Собравме многу информации за автомобилот и за тимот. Наидовме и на неколку проблеми што не ги имавме искусено претходно при тестирањето. Некои од тие проблеми надминавме уште на самата трка, а останатите проблеми продолживме да ги решаваме по трката во Монца. Тоа е вообичаен процес во мотоспортот. Во оваа рана фаза, сакам да напоменам дека повеќе се посветуваме на издржливоста и на перформансите, отколку на дотерување на тркачката стратегија. Тоа е сосем нормално за нов проект, против ривали, од коишто дел имаат над десет години искуство во оваа дисциплина. Во тимот на Peugeot TotalEnergies владее натпреварувачки дух и признаваме дека има место за значајни подобрувања и во автомобилот и во тимот, но уште немаме наидено на проблеми што не можеме да ги решиме, така што тоа е мошне позитивно.“

Оливие Жансони жали за тоа што тимот на Peugeot TotalEnergies во Италија не ги искористи десетминутните квалификации во целост, за да ги покаже вистинските потенцијали на Peugeot 9X8. Но, тоа послужи како силна мотивација за тимот и автомобилот да се подготват уште подобро за претстојната трка во Фуџи. Во меѓувреме беа извозени и две приватни тестирања, во периодот меѓу двете трки. „Во Јапонија, ние првпат ќе ја откриваме патеката, така што треба да се увериме дека максимално ќе ја искористиме секоја сесија на патеката, од понеделникот наутро до сабота попладне“, додава Жансони.

Шестчасовната трка во Фучи, којашто е 5-та трка во светското првенство во издржливост и втора трка е за Peugeot 9X8, претставува сосем различен предизвик од трката во Монца

Регионот е познат по непредвидливото време, со долги и поројни дождови. Некои од возачите во тимот веќе имаат возено на Фуџи, на пример, Жан Ерик Верн и Густаво Менезес. Што се однесува до Лоа Дувал и Џејмс Роситер, тие имаат поминато дел од својата кариера во Јапонија. Тоа се вредни искуства за тимот да се подготви најдобро за јапонската тркачка патека.

Трката 6 Часа Фуџи во кратки црти

  • Петта трка (од 6) во светското првенство во издржливост на ФИА
  • Фуџи Спидвеј: Должина 4.56 km, со 16 свијоци и главен правец што е долг речиси 1,5 километар

Временски распоред (локално време):

  • Петок, 9-ти септември: FP1, 11:00am (04:00 CET)
  • Петок, 9-ти септември 9: FP2, 3:30pm (08:30 CET)
  • Сабота, 10-ти септември 10: FP3, 10:20am (03:20 CET)
  • Сабота, 10-ти септември 10: Q1, 2:40pm (07:40 CET) / Q2, 3:00pm (08:00 CET)
  • Недела, 11-ти септември: 6 Hours of Fuji, 11:00am (04:00 CET)

Како новиот Peugeot 408 научи да лебди

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германскиот пазар првпат расте по шест месеци во пад

Lexus шести пат меѓу ѕвездите на Филмскиот фестивал во Венеција