за

Како новиот Peugeot 408 научи да лебди

Peugeot за новиот 408 уште пред премиерата порачуваше дека треба да се очекува неочекуваното. Начинот на којшто Peugeot го изложи моделот во Париз, никој не го очекуваше.

Проектот се води под името „Сферата“ и ако се суди само според името, не треба да се очекува многу. Но, тоа што Peugeot реално го изведе во овој проект, претставува најава дека уште многу неочекувани нешта ќе следат до моментот кога новиот Peugeot 408 ќе се појави во салон. Вклучувајќи го и самиот автомобил, секако.

Од госпоѓа Линда Џексон, првата дама на марката Peugeot, секогаш е уживање да се слушне тоа што има да го каже: „Неочекуван од секој агол, новиот PEUGEOT 408 е создаден и дизајниран за љубители на автомобилите и на животот, од дизајнери и инженери на коишто автомобилите ун се пасија. Идните сопственици несомнено ќе сакаат да скршнат од монотијата, барајќи одговорно уживање. Овие поставки ќе им ги понудат сите емоции што инстинктивно доаѓаат од возењето. За тоа да го покажеме, сакавме да го претставиме нашиот нов Fastback во Лувр-Ланс, повеќе од шест месеци пред лансирањето“.

Тоа што Peugeot 408 изгледа динамично и иновативно, послужи како инспирација за тимот од врвни уметници, инженери и техничари од париското креативно студио Superbien. Тие го сработија проектот, по дизајн на агенцијата OPEn, изведувајќи своевидна уметничка инсталација што кај гледачите остава впечаток како возилото да лебди и да се спротивставува на гравитацијата.

Peugeot 408 во сферата врти околу сопствената надолжна оска, се превртува со тркалата нагоре, се движи како астронаути кога се обидуваат да чекорат по Месечината.

Напредна техника и врвен инженеринг стојат зад реализацијата на проектот. Носечката структура на којашто е прицврстен Peugeot 408 е изработена од челик со висока цврстина, којшто е обложен со заштитен слој од сребрен епоксид. Проѕирниот меур, односно „сферата“ изработен е од мек PVC. Големата сфера се надудува со воздух и така ја добива конечната форма, како џиновска топка за играње на плажа. Компресори што не се забележливи дуваат воздух во сферата. Двата прстени со пречник од 5,1 метри ги движи погонски систем со 4 тркала, со помош на електромотори со моќност од по 3,5 киловати. Енергијата главно се користи за контрола на ротирањето на „сферата“ и за задржување на центарот на гравитација.

За оваа единствена уметничка инсталација беше најдено соодветно место. Сферата беше поставена во Лувр-Ланс во Париз, своевиден музеј од врвен ранг. Модерната архитектура на комплексот послужи како совршена кулиса за Peugeot 408 да лебди како да е во меур сапуница.

Новиот Peugeot 408 ќе стартува со производство во почетокот на следната година. Моделот за европскиот пазар ќе се произведува во Мулуз, Франција. Потоа ќе стартува локално производство на модел за Кина, во фабриката во Ченгду. Продажбата ќе стартува со три моделски изведби: PLUG-IN HYBRID 225 e-EAT8 (системски 225 КС, со 1,6-литарски мотор со 180 КС) и PLUG-IN HYBRID 180 e-EAT8 (системски 180 КС, со 1,6-литарски мотор со 150 КС), како и изведба со бензинец со 130 КС.

Peugeot 408 е автомобил што игра надвор од правилата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Kia Sportage најпродаван модел во Македонија во јули – заедно со Fiat Tipo

Автосалони во Германија добиваат поевтина струја за полначите