за

Автосалони во Германија добиваат поевтина струја за полначите

Салоните за автомобили во Германија, коишто имаат поставено полначи за електрични автомобили, плаќаат помалку за потрошената струја.

Покрај субвенциите, бесплатните услуги, даночните повластици, за поттикнувањето на електромобилноста придонесува и т.н. квота за стакленички гасови. Светските нафтени компании се обврзани секоја година за 6 проценти да ја смалуваат продажбата на нафта. Доколку не ја исполнат квотата и продадат повеќе од лимитот, плаќаат казни. Парите од тие казни одат во корист, меѓу другото, на електричните автомобили.

Светот на електромобилноста го движи чувството на човекот дека презема нешто правилно и подобро. Тоа би била целата суштина на масовноста во преоѓањето на погон на струја, секако придружено и со производство на струја од обновливи извори, што значи од сé останато, освен од нафта и јаглен. Заштедите во трошокот за возење не се големи, но се понудени и очигледно е дека тоа ги засега луѓето. Компаниите, уште повеќе.

Веста од Германија се однесува на повластицата, што салоните за автомобили ја добиваат за поставените полначи за електрични автомобили во кругот на објектот, што се достапни за јавно користење. Од струјата што возачите ќе ја потрошат на електричните полначи, на автосалоните им се одбива одреден износ.

Конкретно станува збор за одбиток во висина од 15 центи по потрошен киловатчас на електричните полначи. На еден полнач, за еден ден, во просек се користат 40 киловачасови електрична енергија за полнење на батеријата на возилата со погон на струја. Според пресметките на германските салони, тоа значи дека на годишно ниво може да се постигне заштеда од околу 2.000 евра. Секако дека останува и можноста салоните да наплаќаат за искористената електрична енергија на поставените полначи. Германските закони во тој случај пропишуваат единствено да се обезбеди сертификат дека полначот е баждарен.

Оваа сума што се одбива од потрошената енергија, се покрива преку казните што ги плаќаат нафтените компании, доколку продадат повеќе гориво отколку што им е дозволено. Целта е на тој начин да се смали емисијата на СО2. Планот на ЕУ е емисијата на стакленички гасови до 2030 година да се смали за 50 проценти во споредба со емисијата во 1990 година.

Корисниците на електрични автомобили исто така добиваат даночни повластици, коишто се засноваат врз т.н. премија за стакленички гасови и се движат од 250 до 375 евра на годишно ниво, за тековната година. Износот се менува секоја година, зависно од наплатата на казни од компаниите што продале повеќе гориво.

Нов бонус за електричните возила во Германија, исплата секоја година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како новиот Peugeot 408 научи да лебди

Volkswagen вложува 450 мио € во фабрика за батерии

Застојот во шведските рудници го забавува производството на батерии