за

Нов бонус за електричните возила во Германија, исплата секоја година

Најголемиот и најважен пазар за електрични автомобили во Европа продолжува да ги поттикнува германските возачки и возачи да преоѓаат на електричен погон.

Германија прави купувањето електричен автомобил да подостапно за повеќе од 9.000 евра, преку субвенциите. На тоа следат уште бројни повластици, а меѓу нив спаѓа и таканаречениот бонус за намалување на квотата на стакленички гасови. Бонусот се исплатува секоја година и произлегува од уште еден туѓ поим за нашата средина, а тоа е трговија со сертификати за СО2.

Возачките и возачите на електрични автомобили во Германија заработуваат од трговијата со стакленички гасови. Заработката им следува од единствена причина што нивниот автомобил не испушта СО2. За бонусот да им се исплати, возачите единствено треба да го пријават своето електрично возило, преку фотографии од сообраќајната дозвола. Германската сојузна служба за животна средина пресмета дека премијата за 2022 година ќе изнесува 350 евра.

Но, врз каква основа сопствениците на електрични автомобили во Германија ја добиваат оваа посебна исплата од државата? Основата на трговијата со стакленички гасови е таканаречената квота на намалување на стакленичките гасови. Со оваа квота, компаниите од нафтената индустрија се обврзуваат секоја година за одредена вредност да ја смалуваат емисијата на СО2, што се предизвикува од користењето на нивните погонски горива. Во случај квотата да не се исполни, нафтените компании можат да откупат сертификати за штетна емисија од други компании од областа на енергетиката, коишто не ја надминале нивната квота за емисијата на штетни гасови. Дел од средствата од оваа трговија им се исплатуваат на сопственичките и сопствениците на електрични возила, поради тоа што нивните автомобили не испуштаат СО2.

Секогаш организираната Германија прави постапката да биде наједноставна. Преку наменски вебсајтови се врши пријавување на електричниот автомобил, со качување на фотографии од сообраќајната дозвола. Овие пријави понатаму ги обработува Сојузната служба за животна средина, којашто решава и за висината на исплатата на бонусот. Тој се исплатува секоја година.

Бонус добиваат и возачите на електрични велосипеди и мотоцикли, како и електрични камиони и доставни возила.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Сите електрични автомобили што се во понудата на увозниците на автомобилските марки во Македонија можете да ги погледнете во нашиот онлајн-каталог Avtosalon.mk , со сите моделски изведби, цени, технички податоци и сериска опрема, вклучувајќи можност за споредба на повеќе модели. https://avtosalon.mk/inventory/?motor_vid=elektro_motor

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Кинески DFSK во мај стартува со Glory 500, цена под Dacia Duster

Концернот Volkswagen со нови директори за комуникација со медиумите