Lexus шести пат меѓу ѕвездите на Филмскиот фестивал во Венеција

Шеста година во низа, Lexus е официјален автомобил на Ла Биенале ди Венециа. Целосно новата генерација на RX наследува низа од модели, што на настанот во Лидо ги имаат превезувано најголемите актери во светот, јавни и ВИП-личности.

Во последниот ден од август, Lexus им се придружи на најголемите имиња од светот на филмот, на ВИП-личности и ѕвезди од секаков ков, за свеченото отворање на 79-от Фестивал на филмот во Венеција. Луксузната марка веќе со традиција ги довезува главните чинители на настанот до црвениот тепих во Лидо. Моделската постава годинава ја предводеше комплетно новиот Lexus RX со приклучен хибриден погон.

Вечерта им припадна на најголемите актерки и актери на светската сцена, меѓу нив Џулијан Мур, Катрин Денев, Теса Томсон, Росио Моралес и Реге Жан Пејџ, но секако и на моделите на Lexus со електрифициран погон, на UX, NX, RX и ES.

Постои врска меѓу вредностите врз коишто се заснова марката Lexus и филмот. Автомобилската марка и филмот се инспирирани од желбата да се прошират гледиштата, преку патување, преку квалитетно поминато време и преку нови искуства. Од Lexus порачуваат дека „Исто како што киното претставува единствен медиум за составање незаборавни моменти, така и Lexus тежнее кон возачка возбуда, преку иновативниот и пионерски дух.“

Маурицио Перинети, директор на Lexus во Италија, коментира за настанот и за марката: „ова е престижна, високопрофилна бина за претставување на новиот RX, еден од нашите најпознати модели. Се надеваме дека фестивалот и неговата публика ќе ги препознаат дизајнот, квалитетот, технологијата и посветеноста на животната средина, коишто ги вложивме во новиот RX и во создавањето на уште едно Lexus Amazing Experience.”

Покрај новиот RX, паркот од 40 возила го сочинуваа модели на Lexus со електирифициран погон, вклучувајќи го целосно електричниот кросовер UX. Моделите од луксузната марка на Toyota ги превезуваат гостите и службените лица до и од настаните во Лидо, до затворањето на фестивалот на 10-ти септември. Секако дека на ваков настан не отсуствуваат и најпреставителните и најскапи модели на Lexus, како кабриолетот LC 500.

Во само 40 примероци за цела Европа: Lexus LC Hokkaido Edition

Претходна објаваPeugeot 9X8 викендов вози трка во издржливост во Јапонија
Следна објаваAvtoVAZ и Кинезите со зголемен удел по заминувањето на западноевропејците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here