за

AvtoVAZ и Кинезите со зголемен удел по заминувањето на западноевропејците

Производителот на Lada и увозниците на кинеските марки го зголемија својот удел на рускиот пазар, откако си заминаа неколку големи автомобилски марки.

На AvtoVAZ, производител на Lada и најголем производител на автомобили во земјата, во минатиот месец му припадна поголем дел од домашниот пазар. Кинеските марки исто така ја искористија предноста што им се укажа, откако западните компании си заминаа од Русија.

Речиси сите фабрики на производителите на автомобили во Русија запреа со работа, откако претседателот Владимир Путин испрати војска во Украина, по што следеа санкции и прекин на доставата на делови за монтирање во возилата.

AvtoVAZ го продолжи производството во јуни, за во минатиот месец да го зголеми уделот што му припаѓа на пазарот на 43,4 проценти. Лани во август, автомобилите на рускиот производител на автомобили учествуваа со 17,5 проценти во пазарот. AvtoVAZ, од својата марка Lada, во август годинава продаде вкупно 18.087 автомобили во Русија, наспроти 19.428 автомбили во истиот месец лани. Падот во продажбата во август изнесува само 7 проценти.

Целиот автомобилски пазар во Русија во август годинава е послаб за 62,4 проценти во споредба со лани, со 41.698 автомобили и доставни возила, наспроти 110.870 возила лани. Кај Lada, падот изнесува само 6,9 проценти. Во статистиката не се вклучени неколку марки, коишто продажбата ја објавуваат квартално или годишно.

Кинескиот Haval Jolion е 4-ти најпродаван модел во Русија во август

Марката СУВ-возила Haval, којашто е дел од Great Wall Motors, во август била трета најпродавана марка во Русија, со раст од 26 проценти и вкупно 2.990 продадени возила. Geely, уште еден кинески гигант што е присутен во Русија, продал за 8,1 проценти помалку возила отколку лани, меѓутоа пазарниот удел се зголемил на 4,8 проценти.

Најпродавани патнички автомобили и доставни возила во Русија во август 2022

Модел

Марка

Возила

1 Granta Lada 11580
2 Niva Lada 2327
3 Vesta Lada 2221
4 Jolion Haval 1921
5 COOLRAY Geely 1035
6 Rio Kia 1015
7 Largus VP Lada 928
8 Creta Hyundai 796
9 Seltos Kia 688
10 Patriot UAZ 676
11 Logan Renault 603
12 Tucson Hyundai 586
13 Sportage Kia 517
14 ATLAS PRO Geely 515
15 Santa Fe Hyundai 490
16 Polo VW 424
17 Cerato Kia 414
18 F7 Haval 408
19 TUGELLA Geely 407
20 Rapid PA II Škoda 394
21 XRAY Lada 385
22 Sonata Hyundai 378
23 Duster Renault 370
24 Soul Kia 367
25 Sandero Renault 366

 

Зошто Lada 1200 е одличен избор за олдтајмер?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Lexus шести пат меѓу ѕвездите на Филмскиот фестивал во Венеција

Јирген Клоп службено вози Opel Astra со мотор и електромотор