Специјалната серија од Defender се води под името Rugby World Cup 2023 Limited Edition и ќе се изработи во само 23 примероци и само за францускиот пазар.
Defender, од годинава марка на британскиот JLR – Jaguar Land Rover – покрај останатите три марки Discovery, Range Rover и Jaguar, се вклучува во прославувањето на светскиот куп во рагби и во таа чест ја подготви специјалната серија Rugby World Cup 2023 Limited Edition.
Како партнер на светското рагби, Defender ќе ги понуди 23-те примероци од специјалната серија само на францускиот пазар. Посебните детали на серијата се инспирирани од уште еден специјален модел, од „The Defender Trophy Car for Rugby World Cup 2023“ којшто летово го превезуваше славниот Куп на Веб Елис ширум Франција.
Каросеријата е лакирана во санторини црна боја, со тркала од 22 инчи во златна боја со сатенски финиш. Во истиот стил се изработени и додатоците во браниците, натписот Defender и обележјата на специјалниот модел. Секако дека не смее да отсуствува логото на светскиот куп во рагби 2023 на предните крила, веднаш зад тркалата.
Кога возилото ќе се отклучи ноќе, покрај вратите се проектира логото на светскиот куп.
Внатрешноста е изработена со отмена виндзор кожа во црна боја, со шини штепови на седиштата и на патосниците. На предните потпирачи за глава е вшиено логото на купот во рагби.
View this post on Instagram
На завршетокот на арматурната табла е изгравирано со ласер логото и натписот Rugby World Cup France 2023, заедно со бројот на конкретниот модел во серијата, „1 од 23“.
Defender е партнер на светското рагби затоа што марката ги дели истите вредности со овој спорт: Моќ, издржливост, приспособливост.
Примероците од серијата ќе им бидат понудени на избрани клиенти. Првото појавување на Rugby World Cup 2023 Limited Edition Defender се случи на 7-ми септември, на специјален настан во „Le Palais de Tokyo“.
За време на одржувањето на купот, гости со посебна покана ќе можат да го погледнат возилото во Defender Houses во Париз, Марсеј и Ница.