за

Рекордна нарачка за електричниот камион на Daimler во Јапонија

Точно 900 примероци од електричниот камион Fuso eCanter, марка на Daimler Truck, ќе работат во возниот парк на јапонскиот шпедитер Yamato.

Втората генерација на електричниот камион Fuso eCanter веднаш стартува со рекордна нарачка. Јапонската марка камиони на Daimler Truck ѝ ги испорача првите од вкупно 900 примероци од електричниот eCanter на јапонската компанија Yamato Transport.

Најголемата нарачка во историјата на лесниот електричен камион eCanter е дел од планот на Yamato Transport, емисијата на стакленички гасови од својот возен парк да ја смали за 48 проценти во 2030 година. Следниот чекор ќе биде целосно преоѓање на електрични возила и нулта емисија на СО2.

Yamato Transport ги користи услугите на FUSO Green Lease, што е лизинг-производ во понудата на огранокот за финансиски услуги на Daimler Truck во Азија. Овој лизинг се одобрува исклучиво за новиот eCanter и вклучува уште редовно одржување на возилото и специјални услови на гаранција.

Производството на елеткричниот eCanter од претходната генерација започна во 2017 година. Тоа е првиот електричен камион од Јапонија, од сериско производство. Возилата од првата генерација беа испорачувани ширум светот и се најдоа во возниот парк на компании што работат во најголемите светски метрополи.

Сето искуство стекнато рано со првиот eCanter, беше пренесено во новата генерација на електричниот камион. Тековниот модел се води како Next Generation eCanter и ја имаше својата премиера во 2022 година.

Yamato Transport е меѓу првите корисници на eCanter, со нарачани 25 примероци уште во 2017 година. Потпирајќи се на позитивните искуства, компанијата Yamato Transport, што работи на домашна достава на пратки и останати услуги од логистиката, нарача 900 примероци од новиот модел на eCanter. Возилата ќе се користат на целата територија на Јапонија.

Продажбата на новиот Fuso eCanter стартуваше во почетокот на 2023 година на повеќе пазари ширум Европа, во Јапонија и на останатите „електро-пазари“ ширум светот. Во август стартуваше и продажбата во Чиле и Индонезија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ планира царина место субвенции за електричните автомобили од Кина

Defender во издание точно како за рагби играчи