за

Defender со модна линија на сер Пол Смит

Британски моден дизајнер и докажан фан на Land Rover Defender изработи уникатен примерок од класичниот теренец. Само за лакирањето на каросеријата се користени 27 различни бои.

Познатиот моден дизајнер и долгогодишен сопственик на Land Rover Defender, сер Пол Смит, изработе уникатен примерок од легендарниот теренец. Специјалниот примерок беше прикажан премиерно пред бутикот на дизајнерот во Мејфер. Како основа е користен стандарден Defender 90. Сер Смит користел 27 различни бои само за каросеријата, коишто за дизајнерот претставуваат „богати бои, коишто заедно произведуваат ефект на изненадување.“

Внатрешноста на Defender исто така доби „модни“ детали. За седиштата е користена комбинација од кожа и платно, а арматурната табла и вратите се обложени со црна кожа со штепови во сино. Британскиот дизајнер не го пропушта хуморот како национална одлика и вградил изненадувања на повеќе места во возилото. Подлогата на преградата под потпирачот за раце има испечатен клуч со приврзок, а на покривот рачно е насликана пчела.

Уметничкиот Defender не е планиран за продажба. Можно е подоцна да биде понуден на наддавање во хуманитарни цели. Лордот меѓу теренците ќе се пензионира кон крајот на годинава. Постои веројатност дека класичарот во иднина ќе продолжи да се произведува исклучиво по нарачка во издвоени погони.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Четириесеттонски камион на струја вози за BMW

Деби на Range Rover Sport HST на салонот во Њујорк