Иако соработката меѓу Daimler и Aston Martin напредува, не постојат планови за преземање на британската престижна марка. Тоа го изјави шефот Дитер Цече на салонот во Париз.
Од минатата година Daimler поседува 5 проценти од акциите на Aston Martin. Уште тогаш беше спогодено новите модели на британската престижна марка да користат мотори V8 од AMG. Подолго време постојат гласини дека спортското одделение на Mercedes планира во видно време целосно да го преземе Aston Martin под своја контрола, но шефот Дитер Цече сега го демантираше тоа на салонот во Париз.
Според шефот, работите се добри како што се. Aston Martin нема да има корист од преоѓањето во поголема групација, а од друга страна преземањето би било голем ризик за Daimler. Според досега договореното, наследникот на Aston Martin DB9 ќе го има истиот четирилитарски мотор V8 од Mercedes-AMG GT и C 63, а можно е и идниот спортски теренец на Aston Martin да ја користи платформата од големиот теренец GL.
















