за

Daimler го претстави првиот камион што управува самостојно

Техниката на самостојно управување на возилата напредува со забрзано темпо. Лани Daimler тестираше на затворена патека во Германија, а сега следи и дозвола за учество во редовниот камионски сообраќај.

Daimler Trucks е првиот производител во светот што доби дозвола за сообраќање по јавни патишта за тешко товарно возило коешто управува самостојно. Првото возење со таканаречениот „ Freightliner Inspiration Truck“ го направија Брајан Сандовал, гувернер на Невада, и Др. Волфганг Бернхард од Daimler, на американскиот „хајвеј 15“ во Лас Вегас. Камионот поседува интелигентен систем за пилотирање по автопат. Daimler Trucks е најголем производител на товарни возила во светот и воедно најголем производител во САД, со марката Freightliner.

Daimler Freightliner Inspiration TruckГлавната идеја на производителите со воведувањето самостојно управување на возилата воопшто е натамошно зголемување на безбедноста, штедливоста и конективноста. Daimler Trucks лани во јули го изврши првото автономно возење со товарно возило на затворена делница, по автопатот А14 во близина на Магдебург. Демо-возењето на Inspiration Truck во јавен сообраќај во САД ќе биде следен чекор кон воведувањето на технологијата во сериско производство. Daimler во минатите месеци вршеше интензивно тестирање во должина од неколку илјади километри, како и подготвително конфигурирање за примена по американските автопатишта.

Светската премиера на Freightliner Inspiration Trucks се одржа во Лас Вегас пред претставници од медиумите, политиката, стопанството и пазарот на капитал. Камионите се најважното транспортно средство во САД. Во 2012 година, камионите извршиле превоз на 70 проценти од вкупниот транспорт на стока во Соединетите Држави, тешка 9,4 милијарди тони. Според предвидувањата на експертите, патниот транспорт на стока ќе се зголеми трипати до 2050 година. Автономните камиони нудат можност да се излезе во пресрет на овој раст на начин што ги усогласува економските и еколошките барања.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпродаваните десет модели во Македонија во март

Вака изгледа фејслифтот на класата А на Mercedes