за

Daimler ќе претставува нов модел на секои три месеци

Германскиот концерн Daimler најавува офанзива против конкуренцијата. До 2020 година ќе се претставува по еден нов модел на секои три месеци.

Daimler планира да се врати на врвот, пред конкурентите BMW и Audi. За овој план да се реализира, Швабите ќе претставуваат нов модел на секои три месеци до 2020 година. Вкупно 30 нови модели ќе се појават во претстојниот период, од кои 13 се комплетно нови моделски серии, без претходник во понудата на модели на Daimler.

За и бизнисот во Кина да напредува рапидно, концернот Daimler обезбеди учество со 12 проценти во акциите на Beijing Motor, односно BAIC, во вкупна вредност од 625 милиони евра. За прв пат странски производител на автомобили стекнува поголемо учество во кинески авто производител во државна сопственост.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Четири минути излегување од паркинг: Од готово вересија

Кинези шверцувале коли во вредност од 120 милиони евра