Daimler и Qualcomm работат на безжично полнење на електрични возила

Специјалистот за чипови Qualcomm е партнер на Германците во развојот на технологија за безжично полнење на батериите на електричните автомобили.

Mercedes и Qualcomm уште во март објавија дека ќе соработуваат во формула 1. Производителот на автомобили и американскиот специјалист за чипови сега најавуваат соработка и во подрачјето на патничките автомобили. Обете претпријатија ќе работат на технологија за безжично полнење на батериите во електричните автомобили. Qualcomm Halo е плоча што се вградува во под и ги полни батериите на автомобилот над неа автоматски и без кабелска врска. Технологијата наречена WEVC, од Wireless Electric Vehicle Charging, нуди голем број предности. Покрај најочигледната предност, односно поедноставувањето на постапката на полнење, Halo се одликува и со исклучителна ефикасност, затоа што и фактички не постои енергетска загуба, односно системот работи со стопроцентна ефикасност. Технологијата фуинкционира на сите возила и во споредба со останатите системи за безжично полнење се одликува со мошне голем досег на работа. Последново е мошне важно, затоа што возилото не мора да се паркира прецизно врз плочата Halo.

Halo функционира преку регистрирање на промени во неговото магнетско поле. Кога плочата за полнење ќе регистрира метален предмет, таа му испраќа СМС на возачот, по што може да почне полнењето на батериите. Системот автоматски ја прекинува постапката на полнење ако регистрира човек или животно под возилото.

Во прилог на системот на Qualcomm оди и фактот што тој функционира и во екстремни климатски услови. Неколку сантиметри снег не ја попречуваат работата на системот. При користење на јавни површини, плочата може да се вгради во самиот асфалтен или бетонски слој, заради заштита од оштетување.

Соработката предвидува и вградување на технологијата WiPower на Qualcomm во идните модели на Mercedes. Со оваа технологија, возачите ќе можат да ги полнат своите мобилни телефони без кабел во своите возила. Уште едно подрачје на кое што работат партнерите е интеграцијата на мобилна врска 3G/4G.

Претходна објаваОва Audi се радува на секој застој на патот
Следна објаваУкраинска поправка на изрешетано комбе со метални парички

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here