Daimler испорачува струја од искористени батерии од електромобили

Стари батерии од електричниот smart се користат во најголемиот акумулатор за струја од овој вид во светот, кој наскоро ќе се врзе во главната мрежа за дистрибуција на електрична енергија во Германија.

Најголемиот акумулатор за струја од искористени батерии од електрични автомобили во светот наскоро ќе започне да функционира во германската покраина Западна Вестфалија. Оваа заедничка инвестиција на Daimler и повеќе носечки субјекти во енергетиката во Германија ќе стартува со работа во почетокот на следната година и ќе биде поврзана на примарната мрежа за дистрибуција на електрична енергија во Германија. Посебноста е во примената на искористени батерии од smart electric drive од втората генерација, кои се повзани во стационарен акумулатор со капацитет од 13 мегаватчасови. Со тоа уште еднаш се докажува еколошкиот биланс на електричните автомобили и се дава силен поттик за натамошен развој и инвестирање во сферата на електромобилноста.

daimler baterii 06134687

Акумулаторите за струја се важен носител за успешната реализација на трансформацијата на енергетскиот сектор. Во светот сé повеќе се произведува струја од таканаречени флуктурирачки обновливи енеригии, како ветерни или соларни електрани, поради што овие акумулатори за струја се особено важни за стабилизирање на струјната мрежа. Тие ги компензираат енергетските осцилации речиси без загуби, наспроти електраните на фосилни горива што моментно се користат за таа цел. На тој начин се забрзува трансформацијата на енергетскиот сектор и се избегнуваат трошоците за проширување на мрежата и за изградба на нови електрани.

Daimler им гарантира на купувачите на електричен автомобил од неговите автомобилски марки Mercedes и smart дека батериите ќе траат најмногу до десет години. Но, овие батериски системи се применливи и потоа, затоа што малите загуби во капацитетот не се толку важни при стационарната примена на батериите, колку при примената во автомобилите. На тој начин, животниот век на батериите се продолжува за уште најмалку десет години.

Претходна објаваОвие роботи ќе доставуваат нарачки директно до домот
Следна објава„Американската“ Kia со најдобар октомври во историјата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here