Dacia Duster Pickup по специјална нарачка

Романците направија пикап изведба од популарниот теренец Duster, но таа ќе се произведе само во ограничена серија за потребите на една домашна компанија за енергетика.

Меѓу фановите на Dacia Duster сигурно има такви што отсекогаш посакувале да го видат нивниот миленик во пикап изведба. Оваа желба ќе се оствари, но само за 500-те вработени во романскиот петрохемиски концерн OMV Petrom, којшто функционира како фирма сестра на австрискиот OMV. Романската фирма нарача специјална серија на пикап врз база на Duster, за одржување на енергетската мрежа.

За преработката на класичниот теренец во пикап беше задолжена една романска каросериска работилница. Пикапот од Duster вози со 1,5-литарскиот турбодизел од Renault со моќност од 110 КС и со погон на сите тркала. Кабината е пресечена веднаш зад средните столбови и во просторот одзади е вградена товарна платформа. Нејзината должина изнесува 1,7 метар, а носивоста е 450 килограми. Дополнително е вградена заштитна рамка околу кабината.

Претходна објаваСерџо Маркијоне си заминува од Fiat-Chrysler по 2018 година
Следна објаваНов скутер од Honda: Forza 125

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here