за

Dacia Duster крева прашина со 125 КС

Романците ги објавија првите слики од обновениот Duster уште пред еден месец. Но, најдобрата вест недостигаше: Теренецот го доби турбобензинецот од Renault Captur со 125 КС.

Најважниот новитет во освеженото моделско годиште на Duster не се неколкуте промени во изгледот, туку тој се крие под хаубата. Тука работи TCe 125, со турбонатполнење и директно впрскување, кој во верзија со пет коњски сили помалку се вградува во кросоверот Renault Captur. Според фабрика, просечната потрошувачка изнесува 6,0 литри бензин на сто километри, но дури и кога оваа вредност е далеку од реалната, уште е подалеку од онаа на верзијата со 1,6-литарецот со 110 КС. Со оваа вредност, Duster TCe 125 е меѓу најштедливите теренци во класата – единствено Peugeot 2008 82 VTi успева со помалку, со 4,9 литри бензин.

Dacia_50457_global_en

Моторот е комбиниран со шестстепен менувач и достапен е во конфигурација со преден погон и со погон на сите тркала. Вторава верзија ќе влезе во продажба малку подоцна. Останатите мотори во гамата на најевтиниот теренец на пазарот остануваат непроменети: 1,6-литарскиот бензинец ослободува 105 КС, исто колку и во верзијата со погон на автогас, дизелите ослободуваат 90 и 110 КС од моторот од 1,5 литар.

Во безбедносната опрема на Duster досега имаше повеќе дупки. Основната верзија поседуваше само предни воздушни перници, странични воздушни перници беа достапни како доплата, а воздушни завеси не се нудеа. Контролата на стабилност не се вградуваше во основната верзија и се нудеше како опција во повисоките нивоа на опрема. Отсега контролата на стабилност и четири воздушни перници се стандард. Воздушните завеси и натаму отсуствуваат.

Dacia_50496_global_en

Основен белег на новиот Duster се модифицираната маска со две хромирани ламели, како и новите предни и задни светла. Издувната цевка исто така е хромирана. Алу-бандажи од 16 инчи со финиш на титан се наоѓаат на листата на опции. Неколку промени се забележуваат и во ентериерот. Прекинувачите за прозорците повеќе не се на средишната конзола, туку на вообичаеното место во вратите. Предните седишта се нови, покомфорни, задната клупа има поизразени контури на потпирачот за грб. Подобрена е и звучната изолација во кабината.

За прв пат во Duster се нуди интегриран систем за навигација, со ракување преку екран на допир од седум инчи, исто како и темпомат. Сензорите за паркирање досега се вградуваа отпосле, а отсега ќе бидат достапни и како опција од фабрика. Другите новитети: Покажувач за надворешна температура, автоматика за стаклото во возачката врата, автоматско заклучување на вратите по поаѓање. Се вградува и нова полица над багажникот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Враќање на Disco Volante: Летачката чинија на Alfa Romeo

Како функционира аеродинамиката кај автомобилите?