за

Dacia ги претстави верзиите Stepway од своите ванови

3. DACIA DOKKER, продадени примероци 13,027 (+30.5%)

По успехот со „скапата“ верзија на Sandero со каросериски додатоци во стил на теренец и зголемено растојание од подлогата, Dacia ќе ја воведе верзијата Stepway и во своите ванови.

Семејниот ван Lodgy и мултинаменскиот Dokker отсега ќе се нудат и во верзиите Stepway, со мускулест и повпечатлив изглед. Во споредба со стандардните верзии на моделите се променети предниот браник, а кај Lodgy и задниот браник, додадени се заштитни плочи за подвозјето напред и назад, предните магленки се врамени во основа со изглед на матиран хром, штитници се поставени на арките на крилата, додека носачите за багаж на покрив, куќиштата на надворешните ретровизори и алу-бандажите од 16 инчи се изведени во потемни бои заради контраст. За Lodgy Stepway и Dokker Stepway стојат на располагање пет бои на каросерија, вклучувајќи ја азурно сината боја којашто е достапна само за моделите Stepway.

Соодветно е стилизирана и кабината. Седиштата имаат посебни облоги во темен тон, а прекинувачите и отворите за воздух се врамени во сина боја, исто како и таблата со инструменти. На списокот на дополнителна опрема се нудат неколку интересни ставки по интересни цени, меѓу другото мултимедискиот и навигациски систем Media Nav, клима уред, темпомат или паркинг сензори назад.
Под хаубата на Lodgy Stepway работи бензинец TCe 115, во комбинација со 5-степен мануелен менувач и со потрошувачка од 5,7 l/100km, односно дизелски dCi 110 со вредност на потрошувачка од 4,4 l/100 km. Авантуристичкиот Dokker Stepway ги има истите мотори, плус подостапна верзија на 1,5-литарскиот dCi со 90 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Polo: 192 КС за помалиот брат на Golf GTI

Германците предводат и во електричните автомобили