за

Dacia на нишан: Евтиниот автомобил на Ford се вика Figo

Малечкиот Ford Ka доби втор чифт врати, лимузински багажник и ново име. Figo засега е концептен автомобил и наменет е за индискиот пазар, но наскоро ќе стартува серискиот модел за цел свет.

Гигантот Ford планира да ги освојува растечките пазари во светот со новиот евтин модел Figo. Автомобилот со класична лимузинска форма и должина нешто помала од четири метри беше прикажан денес на авто салонот во Њу Делхи како концептно возило. Со овој модел Ford им се обраќа на купувачите што очекуваат повисок квалитет и понапредна технологија од стандардната понуда на евтини модели во класата.

Пазар од два милиони возила од класата до 2018 година

Автомобилите од сегментот Б, односно компакт класата, лани постигнаа една третина од продажбата во Индија. Експертите очекуваат пазарот на компактни автомобили во земјата да порасне од сегашните еден милион возила на два милиони до 2018 година. Figo ќе има клучна улога во планот Ford да освои колку е можно поголем дел од овој пазар.
Во основа, Figo е за Ford тоа што Logan беше и сéуште е за Dacia, односно Renault. Во земјите каде што се зголемува средниот слој на населението има растечка побарувачка за нови и евтини автомобили, место стари и скапи за одржување користени автомобили. Во исто време, овие купувачи имаат повисоки очекувања за евтините автомобили во поглед на квалитетот и механиката, како и во штедливоста.

ford figo 2

Евтините модели не мора да изгледаат евтино

Дизајнерите му дадоа на големиот брат на Ka нос во стил на актуелните модели на Ford од повисоките класи, на пример Fusion. Со ваков изглед Figo подолго време ќе ги задржи привлечноста и свежината на пазарот, за разлика од вообичаениот манир на производителите да нудат прикрпени дизајни врз основа на застарени модели за пазарите во развој.
Дали и кога моделот ќе стартува со продажба на одредени пазари во Јужна и Југоисточна Европа уште не се објавува официјално, но сосема е извесно дека Ford нема долго време да дозволи Dacia и другите конкуренти да владеат со пазарот на евтини модели.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Четири нови модели во гамата на класата S

Jeep Cherokee ќе биде ѕвезда на салонот во Женева