за ,

Dacia ја спаси продажбата на Renault

Renault, како најголем авто производител во Франција покрај PSA, во минатата година забележа раст во продажбата првенствено благодарение на евтината марка Dacia.

Француската групација е една од ретките што ја завршија минатата година со раст во продажбата. Во 2013 групацијата Renault продаде вкупно 2,63 милиони патнички и доставни возила, што претставува раст од 3,1 проценти во споредба со претходната година. Најголемата заслуга за крајниот плус во продажбата сепак има Dacia. Продажбата на романската марка лани порасна за речиси една петина, односно за 19 проценти.

Dacia веќе подолго време се фокусира во земјите со растечки економии, каде што е зголемена побарувачката за модели од пониските сегменти на цени. Половина од продажбата на групацијата Renault во минатата година беше постигната надвор од Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Volkswagen и Ford му се налутија на клубот ADAC

186 возачи спасени од казна поради грешка на белгиската полиција