за

Dacia најавува модел за 5.000 евра

Пазарот на користени автомобили ќе доживее нов потрес откако Dacia ќе го пушти во продажба моделот за 5.000 евра. Романската марка докажува дека е недостижна во понудата во најевтиниот сегмент.

Тоа што другите големи марки штотуку го планираат, Renault го направи уште пред десетина години, откако ја врати во игра Dacia како евтина марка со солидна и релативно модерна техника. Романците досега нудеа практични семејни возила, со голема просторна понуда како дополнителна предост пред другите евтини модели. Сега Романците најавуваат помалечко возило, но и натаму со пет врати и со прифатлива функционалност, кое што ќе се продава на пазарот за 5.000 евра.

Dacia-Towny-2014

Техниката на идниот Towny, како што може да гласи ознаката на моделот, и натаму ќе доаѓа од моделите на мајката Renault, конкретно од тековниот модел Twingo. Но, за разлика од малечкиот Француз, Dacia ќе има пет врати и подолго меѓуоскино растојание. Багажникот од 250 литри ќе биде на ниво на просекот на повисоката класа, односно на Clio и Polo. Погонските единици ќе имаат моќност од 75 КС, и во бензинската и во дизелската изведба. Сервоуправувањето ќе се нуди како опција, но затоа моделот ќе располага со АВЅ и контрола на стабилност. Автоматизиран менувач, кого го преферираат дамите при градско возење, заради поевтинување на концептот на возилото не се планира. Романците ќе го претстават идниот најевтин модел на почетокот на 2015 година, веројатно на салонот во Женева, а набрзо потоа ќе стартува и продажбата. Моментно, најевтината Dacia на македонскиот пазар, новата генерација на Sandero, стартува од 7.950 евра со 1,2-литарски мотор со 75 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вака ќе изгледа идниот Q1 на Audi

Нарачките за хибридниот Volvo двапати над очекувањата