Љубителите на спортската марка во Германија, Швајцарија, Франција и Холандија во следните два месеца ќе ги среќаваат двата примерока од Corvette кои се пуштени на тестирање низ Европа.
Техничките експерти на Chevrolet во текот на летото ќе ги изведуваат завршните тестирања на новиот Corvette Stingray на европските патишта. Откако возилата ќе ги претрпат неопходните модификации на тестните прототипи според различните услови на европските патишта и за стилот на возење на Европејците, Stingray ќе се најде во продажните салони на марката кон крајот на 2013 година.
Задолжен за тестирањето е Патрик Херман, менаџер за техника во Chevrolet Europe. Техничкиот експерт ќе ги објавува своите впечатоци, како и фотографиите и видеата од тестирањето на Facebook, Twitter, Youtube и Instagram, под ознаката #C7experience. Процедурата на тестирање е дел од стандардната програма за контрола на квалитетот на General Motors, која што се изведува за секој нов модел на Chevrolet ред почетокот на продажбата на европскиот пазар.
https://www.facebook.com/ChevroletEurope
http://www.youtube.com/ChevroletInEurope
http://instagram.com/chevroleteurope