За претстојната зима, познатиот производител Continental ги претстави новите зимски пневматици WinterContact TS 860. Наменети за компактни и возила од средната класа, овие пневматици ги исполнуваат највисоките стандарди при возење на сува и влажна подлога при ниски температури, како и на мраз и снег.
Претходната генерација зимски пневматици Conti WinterContact TS 850 во изминативе четири години и во конкуренција од 47 производители се докажа како најдобар во сите тестирања спроведени од European trade press, како и од автомобилските клубови и организации на консументи, со што стана најуспешен зимски пневматик создаден од Continental досега.
Сега пристига WinterContact TS 860 како негов наследник, создаден според најнова технологија, врвно оптимиран за сув, влажен, замрзнат и снежен коловоз, за сигурен и постојан контакт со патот. Зимите во Централна Европа се главно ладни и влажни со десет врнежливи денови во текот на еден месец во периодот од октомври до март. Температурите околу нула степени Целзиусови носат зголемен ризик од замрзнување на патиштата, што е чест причинител за сообраќајни незгоди. Затоа новите WinterContact TS 860 се фокусирани да обезбедат максимална безбедност, особено на влажни и замрзнати коловози.
Новите зимски пневматици WinterContactTS 860 се наменети за употреба во Централна и Западна Европа, а во Македонија ќе бидат достапни за продажба од оваа есен, во триесет и шест варијанти, дваесет и една големина со дијаметар од четиринаесет до седумнаесет инчи и најава за уште дваесетина варијанти за коишто е планирано да стартуваат со производство во 2017 година.
Continental посочува на напредокот во безбедноста на новите пневматици во:
- сопирањето на влажни патишта при зимски температури е за дури 5 % покусо во споредба со претходникот ContiWinterContact TS 850;
- патот на сопирање на мраз се скусува за 4%;
- значително подобрување на возните својства на снег;
- издржливоста и отпорот на триењето се на исто ниво со претходникот.
EU Tire Label ги оценува новите пневматици на Continental со рејтинг C за отпорот на триење и со рејтинг B за справувањето со влажни патишта. Од оваа есен, новите зимски гуми за компактни и возила од средната класа постепено ќе ги заменуваат успешните ContiWinterContact TS 850.
Имајќи ги во предвид глобалните трендови на пазарот на компактни и возила од средна класа, Continental гледа одлична иднина за своите нови зимски пневматици. Додека побарувачката за 14-инчни пневматици опаѓа, а европскиот пазар за 15-инчни пневматици достигна до околу 20 милиони единици, Continental очекува зголемување на побарувачката за 16 и 17 инчни пневматици во текот на следните неколку години.


















