Како изгледаше понудата од модели на Ситроен пред 50 години

Пред половина век се отвораше прозорец рачно, имаше посебен клуч за резервоарот, се сопираше со сета сила и се вежбаа бицепси. Ситроен сето тоа го изведуваше најоригинално.

Денес моделските ѕвезди на Ситроен се означуваат сосем различно и ги познаваме како Ц3, Ц5 Еркрос, Ц4 Икс или Берлинго. Француската марка повторно е на пат да воспостави оригиналност на автомобилската сцена, што е реткост. Меѓутоа, богатата историја и традицијата за работите да се направат поинаку, му дава на Ситроен слобода и право да биде „ситроен“.

Кога низ историјата на марката со шевроните ќе се појде наназад до средината на 1970-те години, зачудувачки е колку модели се смениле во меѓувреме. Но, зачудува и колку сцената уште ги помни тие модели. Денешниот Ц3, на пример, којшто е четврта генерација со тоа име, некогаш беше Саксо, па А Икс, малку е бледо поглавјето на ЛНА, но затоа, пред него е Дијана. А, пред Дијана?

Пред Дијана беше Ду Шево, 2ЦВ, што тука сме навикнати да го водиме под прекарот „спачек“, иако прекарот вистински би требало да гласи Пајче. Сите го зарекоа Пајче, поради изгледот, но во регионов тој стана Спачек, затоа што моделот се монтираше во Цимос, во Копер, Словенија. Пајче на словенечки е Пачек, а за да биде нагласено дека тоа е словенечки пачек, излезе Спачек.

Светот не сакаше да го пушти 2ЦВ да си замине во историјата, па моделот во средината на 1970-те години се нудеше заедно со наследничката Дијана. Во тоа време, Ситроен го нудеше овој модел како 2ЦВ Специјал, значително поедноставен во споредба со годините пред да дојде Дијана, затоа што требаше да се остави поголема ценовна разлика меѓу двата модели.

Сите модели на Ситроен во тоа време имаа посебна историја и дури најмалото зафаќање во настанокот или во нивната техника, ќе биде преобемно за читање. Затоа, во ова најбрзинско потсетување, само основните податоци на основните изведби на моделите достапни на европскиот пазар во 1976 година.

Во времето пред интернет и јутјуб, децата ги лепеа челата на стаклата на автомобилите за да видат колку тие се разликуваат еден од друг, се одушевуваа кога ќе видеа широки гуми и празнуваа кога во маало ќе дојдеше доготаш непознат и недостижен автомобил. Ги распознававме автомобилите по звукот, светот тогаш навистина ги обожуваше и ги почитуваше автомобилите, било да се најмалечки и најевтини, и секако, големи и скапи. Кои беа моделите на Ситроен во 1976 година?

Ситроен 2ЦВ 4 Специјал

23 КС при 7.000 вртежи во минута, 38 њутнметри, 4-степен менувач, боксер мотор со 2 цилиндри, 435 сантиметри кубни, должина 3830 милиметри, тежина 560 килограми, гуми 125Р15, крајна брзина 101 км/ч

Ситроен Дијана 6

32 КС при 5.750 вртежи во минута, 42 њутнметри, 4-степен менувач, боксер мотор со 2 цилиндри, 602 сантиметри кубни, должина 3930 милиметри, тежина 610 килограми, гуми 125Р15, крајна брзина – км/ч

Ситроен Ами Супер

54 КС при 6.500 вртежи во минута, 68 њутнметри, 4-степен менувач, боксер мотор со 4 цилиндри, 1.015 сантиметри кубни, должина 3990 милиметри, тежина 805 килограми, гуми 135Р13С, крајна брзина 140 км/ч, забрзување до 100 км/ч за 18 секунди

Ситроен ГС 1015 Специјал

54 КС при 6.500 вртежи во минута, 71 њутнметри, 4-степен менувач, боксер мотор со 4 цилиндри, 1.015 сантиметри кубни, должина 4120 милиметри, тежина 925 килограми, гуми 145Р15С, крајна брзина 145 км/ч, забрзување до 100 км/ч за 18,3 секунди

Ситроен Ц Икс 2000 Конфор

102 КС при 6.000 вртежи во минута, 152 њутнметри, 4-степен менувач, линиски мотор со 4 цилиндри, 1.987 сантиметри кубни, должина 4659 милиметри, тежина 1265 килограми, гуми 185Р14, крајна брзина 174 км/ч, забрзување до 100 км/ч за 12,8 секунди

Во 1976 година, француската марка повеќе ги немаше во понуда легендите ДС и СМ. Гамата ја дополнуваа уште ЛН и Мехари, уште едно големо име на Ситроен.

Денес од салон на Ситроен најчесто се изнесува двојката Ц3 и Ц3 Еркрос

Претходна објаваШефот на Волво вели дека Е Икс 60 и соперниците од Мерцедес и БМВ ќе го сменат целиот пазар на ЕВ
Следна објаваГерманското автомобилско лоби предупредува за последиците од царините на Трамп поради Грендланд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here