Французите решија да се пошегуваат и вградија двосед во студијата за Франкфурт. Тоа што името на возилото асоцира на многу боцки не треба да плаши. Обвој кактус нема боцки.
Во 2007 година Citroen за прв пат пушти боцки со студијата C-Cactus, во која што љубителите на марката го гледаа наследникот на 2CV. Возилото беше изработено од материјали што се рециклираат и имаше необичен погон од тогашен аспект – дизелски хибрид. Дизелот достигна сериска зрелост и веќе се вградува во повеќе модели на Citroen и Peugeot.
Студијата е долга 4,21 метри, во висина мери 1,53 метар и во ширина 1,75 метар. Таа го најавува идниот дизајн на моделите на Citroen и ги вежба идеите за новите генерации на C3, C4 и C5. Со студијата продолжува да се разграничуваат темелите на обете марки во франкцускиот концерн: Додека Peugeot оди на класични форми, како што покажува новиот 308, Citroen повеќе се посветува на авангардата. Серискиот старт на автомобилот се очекува напролет, веројатно како теренец со знакот на подмарката DS и со основа од компактот C4.
Внатрешноста на Cactus потсеќа на дневна соба, средена и комотна. Највпечатлив детал е широката предна клупа, како замена за посебни седишта за возачот и совозачот. При изборот на материјалите, дизајнерите исто така се раководеле според модерниот мебел, но и според природата. Седиштата и вратите се обложени комбинирано со памучен материјал и природна кожа. Бравите на касетата пред совозачот, капакот на багажникот и облогите на вратите потсеќаат на кожените куфери од 1950-те години.
Тесната арматурната табла е подигната високо и го ослободува просторот за нозе, придонесувајќи за поголемо просторно чувство во кабината. Нова идеја е вградувањето на воздушната перница за возачот во таванот. Место класични инструменти служи екран од 7 инчи, а командите се поставени во екран на допир со пречник од 8 инчи. Секако дека пристапот на интернет е обезбеден. Класична рачка на менувачот не постои: Доволни се копчето во долниот дел од таблата и палките зад воланот.
Понудата од погонски единици ја сочинуваат штедливи мотори, меѓу кои новите трицилиндарци, како и нивно комбинирање во системот Air-Hybrid. Овој систем е развиен во соработка со Bosch и се откажува од користење на скапи и тешки батерии. Место тоа се користи компримиран воздух, за движење на куси релации во градски сообраќај, без помош на бензинскиот мотор. Според Citroen, со новиот погонски систем може да се постигнат вредности на потрошувачка на гориво од три литри на сто километри.