Citroen ги расчистува салоните: Остануваат само 7 модели во понудата

Во иднина Citroen ќе нуди само седум сопствени модели, што е половина од сегашната понуда. Новата шефица на францускиот производител ги објаснува предностите од овој чекор.

Новиот C4 Cactus е автомобил што гордост за секој производител. Тој е современ, напреден, оригинален, во чекор со времето. Новата шефица Линда Џексон верува многу во овој несекојдневен кросовер, и целата идна палета, како и сите идни планови, таа ги раководи според него. Дизајнот на Cactus ќе се повторува во моделската понуда на Citroen, исто како и решенијата од типот на воздушни перници во таванот, со коишто останува повеќе слободен простор во кокпитот, или пак, клупата по целата ширина на кабината, место две единечни седишта напред. Од кросоверот изведен на платформа од C3 ќе се преземе и принципот на ракување преку дисплеј на допир, по пример на паметните телефони.

Шефицата Џексон уште не открива точно кои модели се планираат во иднина да го преземат стилот на C4 Cactus. Таа во секој случај ќе има сложена и одговорна задача, затоа што шефот на PSA Peugeot Citroen, Карлос Таварес, бара целиот концерн да го смали бројот на модели, што за Citroen значи скусување на понудата од сегашните 14 на само седум модели. Џексон ќе мора дополнително да се грижи и за „новата“ луксузна марка DS, чиишто модели ќе мора значително да се разликуваат од оние во стандардната понуда.

Во секој случај, Citroen останува марка од главната струја. Новото раководство планира да развие седум основни „силуети“ и да ги нуди во повеќе региони. Џексон планира концепт на еден автомобил за цел свет. Тоа значи дека секоја одделна моделска серија ќе се развива според спецификите на земјите во коишто се очекува таа да се продава најмногу, а за останатите региони што се разликуваат во вкусовите и барањата, ќе се изврши само адаптација на моделот. Целта е на тој начин да се скусат трошоците за развој и производство.

Шефицата објаснува што значи тоа: „Земете ја за пример Кина, каде што е особено силен сегментот D. Затоа е мошне веројатно дека на тој пазар ќе понудиме модел што го покрива сегментот, а за понатаму постои можност истиот да се понуди и во другите региони. Во таа смисла, Citroen неодамна го претстави компактниот теренец C3-XR, којшто засега е наменет само за кинескиот пазар.

Претходна објаваНов малечок теренец од Кореја: SsangYong Tivoli
Следна објаваХард дискови од 100 терабајти до 2025 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here